Пред 15 години бев Министер и знам кога некој лаже и кине зелени – Стевчо ја коментира Министерката за труд Шахпаска

0

Стевчо Јакимовски, претседателот на партијата ГРОМ, во минатото извршуваше неколку јавни функции. Тој беше долги години Градоначалник на Општина Карпош, но во една од Владите на Бранко Црвенковски ја извршуваше и функцијата Министер за труд и социјална политика.




Стевчо сега, од позиција на опозиција, многу често на социјалните мрежи ги коментира потезите на власта, особено на неговиот наследник во градоначалничката фотеља на Општина Карпош, Стефан Богоев.




Дали ова значи дека Јакимовски повторно ќе се кандидира на следните локални избори, останува да видиме. До овој момент, опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ има објавено само двајца кандидати  за следните локални избори, за општините Охрид и Прилеп.




Јакимовски во својот вчерашен статус го коментираше настапот на Министерката за Труд Шахпаска, на ТВ Сител:

„Министерката за Труд, Јагода Шахпаска гостуваше на Телевизија Сител во вестите. Гостин ради гостин, односно колку да се рече дека гостувала. Дрн, дрн, дрн..




Не упатен човек не може да ја прати што сака да каже. Арно ама пред 15-тина години бев Министер за Труд и многу лесно гледаш дека малку лаже, малку кине зелени. Што из лажа?




Вели дека сега подготвувале нов Закон за работни односи и во него главна новина ќе биде правото на еднакво родителство при породилното отсуство. Тоа значи, таткото и мајката ќе можат да користат породилно отсуство. Ах бе министерке!




Па ти не си го ни прочитала законот за работни односи донесен во 2005-тата година. Таткото и мајката уште тогаш се изедначени во правото на породилното отсуство да го гледаат своето новороденче. За жал претставниците на оваа влада се како бумбарите, само брмчат а мед нема.




Која ја откина зелена? Исто така со новиот Закон за работни односи, во пензија ќе сме оделе сите со 64 години, а исклучок ќе биле професорите од високото образование и лекарите. Тие ќе можеле да работат до 67 години.




Абе министерке имаш ли ти правници во министерството? Ако немаш таму, обрати се до Секретаријатот за законодавство на РМ, некогаш тамо имаше многу квалитетни правници. Дали знаеш дека сите граѓани пред уставот се еднакви?




Не може некој да има повеќе права во однос на другите. Зошто професорот или лекарот би имале повеќе права од еден службеник во администрација, од еден инженер во РЕК Битола или пак од одделенски те наставници во основното образование..




Но за жал, за оваа влада уставот е како тоалет хартија, напикаа партиски службеници во највисоката правосудна институција и затоа се ќе им биде уставно.

Ако специјалниот закон што сега го донесоа во собранието за конзорциумот Енка-Бехтел да може без тендер да добива работа, згора на тоа да има право да проектира, изведува и сама над себе да врши надзор.




(за оваа антико рупц -иска најави претставка до уставен суд), и ако сите граѓани ќе работат до 64 години, а професорите и докторите до 67 години, тогаш можеме комотно место тоа лет хартија да го користиме уставот.“

Претходна статијаМинистерката Шахпаска со убава порака до пензионерите – пензиите ќе продолжат да растат
Следна статијаАнастасија од Цеца девојчето откри дали синот на Брена навистина раскинал со Сандра