Министерката Шахпаска со убава порака до пензионерите – пензиите ќе продолжат да растат

0

Завчера од Владата најавија дека пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто.




Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.




-Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.




По ваквата информација, имаше реакции дека покачувањето е минимално. За Сител проговори Министерката Шахпаска која напомена дека се свесни за реакциите околу последното зголемување на пензиите во јавноста.




Ние сме свесни дека усогласувањето е мало и недоволно. Лошо е да давате ветувања кога има пандемија во светот и кога не знаете во кој правец таа ќе се движи, но одговорно тврдам дека оваа власт ќе ги испочитува законските решенија.




Пензискиот фонд е стабилен, приходите во него се поголеми од претходната година, а пензиите ќе продолжат да растат, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.




Таа потсети дека исплатата на пензиите е редовна, а пензионерите двапати во годината го добиваат законското усогласување според порастот на трошоците за живот.

– Да, ние сме свесни дека е малку, но усогласувањето ќе продолжи и во наредните месеци.




Би била најсреќна кога би можела да ја зголемам пензијата не со 1,2 отсто колку што е усогласувањето со трошоците на живот, туку во исто време да го направиме усогласувањето и со порастот на минималната плата за 15 проценти и просечната плата за пет отсто кумулативно во исто време, кога БДП би бил над 4,1 отсто.




Сакам да испратам една порака до пензионерите – и во услови на пандемија сакаме да гарантираме почитување на законите, да ја гарантираме извесноста на која пензионерите треба да сметаат.




И во услови на пандемија успеваме да ја гарантираме извесноста на пензиите. Нивната исплата е редовна и се исплаќаат предвреме, напомена Шахпаска во гостување на ТВ Сител.




Во јануари, дополни министерката, имаше пораст за 1,2 отсто и сега во јули повторно 1,2 процента што е 300 денари кои пензионерите ќе ги добиваат секој месец, до крајот на годината.




Претходна статијаУтре е Благ ден, Света Недела – еве што треба да направите и од што да се ослободите
Следна статијаПред 15 години бев Министер и знам кога некој лаже и кине зелени – Стевчо ја коментира Министерката за труд Шахпаска