Оф Нет: Центар нека почне да слави – Трендо кандидат за градоначалник?

0

Општина Центар е општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно.




Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи.




На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје.

На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода.




Актуелен градоначалник на општина Центар е Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ. Тој беше избран на локалните избори во 2017 година, со мандат од четири години. Оваа година ќе се одржат редовни локални избори.




Општина Центар важи за најважната општина во градот Скопје и за партиите е од исклучителна важност да ја освојат оваа општина. Пред Богдановиќ, на оваа позиција беше Андреј Жерновски, кој во 2017 не ја довжби поддршката од коалицијата која е на власт за втор мандат.




Порталот Скопје Инфо, денес објави дека поранешниот водител и сопственик на порталот Оф Нет, Сашо Мацановски Трендо, најверојатно ќе влезе во тргата за градоначалник на Општина Центар на следните локални избори.




Неофицијално, тој е помеѓу кандидатите кои имале највисок рејтинг помеѓу потенцијалните кандидати за градоначалници, на анкетите кои ги правела опозициската ВМРО ДПМНЕ.




Освен Трендо, како потенцијален кандидат за оваа позиција се споменува и доктор – специјалист кој високо котира во опозициските партиски редови.

Денес порталот Оф Нет сподели скриншот од оваа објава и упати порака до читателите:




„Центар нека почне да слави – Трендо кандидат за градоначалник?

Во редакцијата ни стигна и демант од наведениот господин господин, односно барање за уточнување на веста. Не се работи за обичен Центар, туку за Центар Жупа.




За веродостојноста на исправката гарантираат и Ина Многуфина и банкарот кај Лила.“

Претходна статијаВанковска: Одвратно место за живеење е ова – ми се сеират што сум побарала водоводџија јавно
Следна статијаДо 15 август да се вратите од одмор – познатиот доктор, епидемиолог, ја растревожи јавноста во Словенија