Ванковска: Одвратно место за живеење е ова – ми се сеират што сум побарала водоводџија јавно

0

Пред неколку дена, професорката Билјана Ванковска на својот профил на социјалните мрежи напиша:




„Драги луѓе, ИТНО Е! Ми треба водоводџија веднаш! Плиз, помагајте со контакти.“

Потоа, уште во два свои поста го опиша своето изненадување од исмејувањето на нејзината објава во која бара помош:




-Какви патриотишта и “мажишта” се оние од Бојкотирам! Во една објава зборуваат во занес за нужноста од обединување на сите Македонци, во другата се иживуваат, вулгаризираат и манифестираат машка потенција заради мојата вчерашна молба за контакт до водоводџија.




(Замислете, споделиле мој пост за таа цел – веројатно да мобилизираат љубов кон Македонија!) Кои кретени се тоа да имаат време и потреба да се бават со мене, жена во години, на највулгарен начин?!

Затоа ми се гади од такви примитивни божем патриоти исто како од оние “европјанине” – две страни на една иста паричка!




Знам дека македонското општество е одамна една смдрлива клоака, но дека еден обичен ФБ пост во кој барам мајстор за водовод ќе возбуди и мобилизира цела „интелектуална елита“ (покрај оние примитивците од Бојкотирам), тоа не можев да го поверувам – додека не го видов.




Јас сепак сум им благодарна на оние кои човечки се одзваа и помогнаа со нивни контакти.

Се наоѓам во една тешка состојба во која од една страна го подготвувам станот на по којниот ми брат за доаѓање на неговото семејство од Дубаи (не сме се виделе две години поради пандемијата) и произлегуваат овие домашни проблеми со инсталации (затоа идиотите нека си ги задржат „француските клучиња“) кои морам да го решавам сама.




Од друга страна, во исчекување на најлошата вест за многу драга личност со која сум пораснала и која на мајка ми ѝ е како сестра – не знам главата каде ми е.

Овие направиле јавна афера за тоа дека на професорката ѝ требало некој да ѝ ги средува цевките и имале француски клучеви. Ајде тие чукнати по глава, ама оние што коментираат и сеират!!!




ОДВРАТНО место за живеење е ова. Веројатно треба и да престанам со секаков јавен ангажман, ни постови, ни коментари, ни колумни – ова никој не го оправа затоа што злобата влегла под кожа, и веќе гние не само државата, тѕуку и општеството.




Глеј си го животот додека трае, бидејќи ова што деновиве го слушам за состојбата во болниците, за поткупот кој влегол дури и во предворјето на Адот, наметнува само еден заклучок: ескапизам! Целосно повлекување!




Претходна статијаЗаев му пружи рака на Шилегов и раскажа што тој направил и прави за Скопје
Следна статијаОф Нет: Центар нека почне да слави – Трендо кандидат за градоначалник?