До 15 август да се вратите од одмор – познатиот доктор, епидемиолог, ја растревожи јавноста во Словенија

0

Во последните 24 часа, во нашата земја се направени 2.550 тестирања. Новите случаи се во Скопје – 10, Куманово и Дебар по 2, Тетово – 1. Регистрирани сe 6 оздравени пациенти.

Нема поч инати, а 15 лица се новозаболени од ковид-19 во изминатото деноноќие, соопшти денеска Министерството за здравство.




Направени се 2.550 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово–24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, Клиника „Жан Митрев“-62, Авицена-147, Биотек-95, Систина-66, лабораторија Лаор-0, Синлаб-145, Ремедика-5, Плодност–23, Генеа–3, Никоб лаб-465, ВФВ Медикал-11, Ели Медика-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.




Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на поч инати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.




Еден од јајпознатите словенечки епидемиолози, Милан Крек, им порача на граѓаните на Словенија, до 15 август да се вратат од одмор. Бидејќи епидемиологот не споменал на кои туристички дестинации мисли ниту прецизирал дали тој препорачува да останат дома и тие кои се вакцинирани, неговата изјава предизвика многу реакции.




Епидемиолошката ситуација во Словенија се влошува. Само во последните 24 часа потврдени се 111 новозаразени.

Епидемиологот Милан Крек, кој го води словенечкиот институт за јавно здравје препорача Словенците да не одат на одмор во странство по 15 август.




– Сите кои одат на одмор во странство им препорачувам да се вратат до 15 август – изјавил Крек на владината прес-конференција за новинарите на која се зборувало за опасноста од нов бран поради делта сојот, како и за потребата да се забрза вакцинацијата на населението за есента да биде безбедна.




Министерот за здравство Јанез Поклукар изјавил дека Крек сакал да ги предупреди тие кои одат во странство, дека ниедна држава, па ни тие кои имаат поголема стапка на вакцинирани од Словенија,




не го постигнале потребниот колективен имунитет или посакуваното ниво на вакцинирани кои луѓето би ги заштитило од по заразните варијанти и дека предупредувањата треба да се сфатат и како желба наесен да нема нови затворања.




Претходна статијаОф Нет: Центар нека почне да слави – Трендо кандидат за градоначалник?
Следна статијаОливера: Денес во автобус се молев дедото да не седне до мене – се срамам од помислата и извлеков голема поука