Битолскиот проф. Трајковски: Јасно е дека имаме почеток на нов бран – да се надеваме на што помасовна имунизација на населението

0

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, со својата последна анализа на ковид бројките, дава јасна слика за моменталната состојба со вирусот:




„30.07.2021. Толку висок репродукциски број Rt, толку високо забрзување на дневните бројки, не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам, односно Св. Кирил и Методиј.

Делта сојот има толку висока преносливост, потпомогната од целосно либерализираните мерки и свадбите, што ни досегашната прележаност и вакцинираност многу не помагаат.




Точно како по ред на возење, дури и еден ден порано, денеска излегуваме од првиот, низок степен на ризик од ширење на епидемијата (спорадично заразување) и влегуваме во вториот, умерен степен на ризик (на дијаграмот на втората слика).

Свадбите си продолжуваат како ништо да не се случува, велат немало потреба од заострување на мерките. Можеби ќе има штом стигнеме длабоко во четвртиот степен на ризик, со околу 500 случаи на ден. Откако ќе помине врвот на бранот и бројките започнат да се намалуваат, тогаш можеби ќе има потреба од мерки.




Колку ли бргу времето поминува! Кога ќе се сетам дека првото наговестување за Делта сојот го дадов на 10 јуни, првиот повик за контрола на границите на 20 јуни, првите увезени случаи ги имавме на 10 јули, а веќе денеска, по само 3 недели стигнавме до 74 нови случаи на ден.




Некои ме критикуваа како сум смеел да го изустам, т.е. да го напишам зборот упокојување, кога предвидов дека до почетокот на август ќе ги видиме и првите см pт ни случаи од Делта сојот. Па не само што ги видовме, туку ги има веќе 6, а нивниот број допрва ќе расте. Тоа е статистички неминовно и лесно предвидливо, ако се знае стапката на леталитет.




Поради прележаноста и вакцинираноста, како и поради масовното тестирање, се надевав дека таа стапка ќе биде помала од 2%, но врз основа на досегашниот број на починати и бројот на новодијагностицирани во интервалот поместен 10 дена претходно, засега изгледа дека ништо не се променило кај леталитетот (на дијаграмот на третата слика).

Броевите се сé уште мали за да се каже нешто поопределено, но почетокот не ветува нешто добро.




Единствено добро, ако може така да се каже, е дека меѓу новите случаи (дијагностицирани и по чинати) најверојатно има малку прележани и вакцинирани, инаку стапката на леталитет би била пониска. Но има време, ќе следиме, сé уште сме на самиот почеток.




Гледајќи нанапред, јасно е дека ова e почеток на нов бран (гледаме експоненцијален раст со просечно време на дуплирање од 10 дена, на дијаграмот на четвртата слика), којшто се должи на појавата на новиот Делта сој. Поради летото и намалената преносливост тој ќе извишува и најверојатно ќе достигне максимум до средината на септември.

Прашањето е дали тогаш ќе видиме поднамалување или пак веднаш ќе продолжиме со есенскиот бран, којшто ќе дојде поради почетокот на училишната година и поминувањето повеќе време во затворени простории.




Во секој случај, броевите ќе продолжат да растат, а колкав ќе биде леталитетот – тоа ќе зависи од интересот на населението за вакцинирање.

Се забележува тенденција за израмнување на кривата на вкупниот број на вакцинирани со најмалку една доза, со засега проектиран плафон од триесетина проценти.




Да се надеваме дека сегашното, летно избувнување ќе го активира стравот кај населението и ќе го мотивира за помасовна вакцинација до есента.

Без тоа, тешко е да се надеваме дека кривата на бројот на смртни случаи ќе остане рамна, како во Велика Британија. 30% вакцинирани (па дури и 50% кај постарите од 60 години) се едноставно премалку.“




За овој статус, оваа анализа, Битолскиот професор Трајковски, доби признание во коментар и од нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски:

Претходна статијаДедо Николчо: Не знам стварно дали да тагувам или да се радувам што двата сина ми заминаа во Германија
Следна статијаИгор Џамбазов за Илина: Ти ми го продолжи животот