Сека ги почести фановите со слика од деколтето, има што да покаже (ФОТО)

Малкумина знаат дека се сестри а на социјалните мрежи може да се најдат голем број на заеднички фотографии. Постарата сестра на Сека Алексиќ се вика Ајсела Малкиќ и живее во Босна.




И таа се занимава со музика, исто како и Сека, и настапува со години наназад.

Таа е чест гостин на локалните ТВ станици, а родена е во Тузла.

За Сека има само пофални зборови, а своевремено во медиумите споменуваше дека би сакала да сними дует со својата сестра. Ајсела има провокативен стил на облекување и сака да ја нагласува својата одлична линија.




Сека Алексиќ (38) е мајка на двајца синови, поголемиот Јаков (4) и помладиот Јован, кој го роди пред една година.

Дека Сека е навистина посветена мајка, но и дека се труди максимално да ги задоволи своите синови, докажуваат и фотографиите кои пејачката секојдневно ги споделува на својот Инстаграм профил.




Не е тајна дека фолк-пејачката Сека Алексиќ успеа да го оствари својот најголем сон – да изгради „замок“ далеку од очите на јавноста, во кој ќе ужива со своето семејство.

Токму затоа, Сека, која е голем верник, не заборава секојдневно да му се заблагодри на Господ за се’ што ѝ овозможил во животот, а и да им посака мир и благосостојба на сите луѓе.




Неодамна таа тоа го стори од својата приватна „џунгла“, поточно од градината во вилата во Стара Пазова, позирајќи во едноделен костим за капење. Таа во својата приватна палата неодамна вложи нови 10.000 евра.

Имено, Сека долго размислуваше на овој потег, и на крајот се одлучи за сауна со средна големина, која е направена од најфини материјали, пишува „Ало“.




– Со години Сека се грижеше за својот физички изглед и здравје. Бидејќи одамна изгради сала за вежбање во својот дом, долго време размислуваше за инсталирање на сауна, заради сите здравствени придобивки што ги има.




Неодамна, таа реши да ги реализира своите планови – изјави извор близок на пејачката за „Ало!“.

– Сека се одлучи за сауна со димензии 2х2м2, во која може да се сместат четири лица, колку што има нејзиното семејство – изјави извор за гореспоменатиот весник и посочи дека пејачката не заштедила пари за својот спа дел.




Сека Алексиќ ги „почести“ своите следбеници на Инстаграм кога сподели видео во фустан кој го истакна нејзиното деколте. Имено, Сека замина на одмор со семејството за да ги „наполни батериите“.

Пејачката замина на одмор во предизвикувачко издание, а со фотографија од автомобилот со бујно деколте во преден план, целосно ги полуде своите следбеници.




Таа носеше црн фустан кој беше врзан околу вратот, а длабокото деколте откри дека не носи градник.

По ова нејзино ослободување, мрежите се вжештија.„Сестро колку добро изгледаш“, „А каде е градникот“, „Едонставно блескаш“, беа некои од коментарите.




Таа всушност со ова видео сакаше да го изрекламира шоуто Мајке-снајке кое почнува наскоро и таа ќе биде дел од него.

Претходна статијаСнеже Велков се одмори од вежбање, и се пофали каква е во бикини, на плажа (ФОТО)
Следна статијаВистинска приказна: Ќе викаат постојано, колку убав маж имам, а нема да знаат дали се љубиме