Снеже Велков се одмори од вежбање, и се пофали каква е во бикини, на плажа (ФОТО)

0

На крајот на минатата година, познатата водителка но и пилатес инструкторка, Снеже Велкова, жената која изгледа совршено поради здравиот начин на живот и редовните вежби, зборуваше во интервју за Рингераја.




-Промените кои дојдоа со оваа ситуација многу полесно ги прифитија децата отколку ние возрасните. Помалиот син кој има 8 години го гледа тоа толку нормално што дури и ме праша: Мамо а ти кога беше мала исто вака си правеше( седење дома) кога имаше кор-она?

Комплетно свесни се е за носење маска држење дистанца дезинфекција и сл..И едноставно не се напнуваат со тоа кога ќе заврши, зошто е така, кој е крив и сл…И тоа ми е баш драго.




А Она што го правам јас е да се оградам од сите лоши вести, сите нови напливи на информации, зав-ери, предвидувања, цр-ни или бели сценарија. Се обидувам по системот игнорирање,дистанцирање и дезинфицирање од лоши вести да се сосередоточам на убави работи кои ги носи секојдневието.




Посветена на моите работни обврски па читање Убави книги, измислување нови рецепти, гледање поучни филмови, вежбање, мудри мисли, интерактивни игри со децата, чистење, средување, прошетки на планина и езеро витамини за јакнење имунитет…“, рече таа а потоа зборуваше и за бременоста.




Јас воопшто не бев загрижена на тоа поле, повеќе се секираа тие околу мене…Бидејќи нели важеше она правило да јадеш за двајца да пиеш млеко и сл…

Ама не се сеќавам на името на Гинеколгот таа 2006 кај кого бев на почетокот на првата бременост кој ми кажа вака:Ти девојче се храниш подобро од скоро 80% од труднците кои ги водам така да ич да не се секираш и млеко ќе имаш и бебето супер ќе си биде. И така и би.И со двајцата.




Еве потврдувам дека бременостите ги износив без капка млеко да се напијам, без да јадам теста и чоколади, без месо и јајца. И освен оние витамини за мајки ништо друго не сум примала.“




Во емисијата „Опуштено со Тони“ кај Тони Михајовски, таа зборуваше за тоа како последнава година редовно, секое утро вози велосипед, а клупите во паркот ги користи како реквизит за вежбање.

Во 2020 година откако ни се случи тоа што ни името не сакам да го спомнам, ако го спомнам мислам дека се повеќе ќе расте, морав да најдам некаков начин за да можам да се издувам. Беа затворени теретаните, беа затворени салите каде што држев часови, се беше затворено.




Најдов начин на кој јас прво сопственото чувство ќе си го задоволам, а од друга страна ќе ги иснпирирам сите останати“, раскажа Снеже.

-Можеш да вежбаш кај посакаш. Можам да вежбам на клупа, можам на вежбам на сред Плоштад, можам да вежбам на фонтана.




Мене многу ми се свиѓа платото пред Опера и балет, има и клупи има и платформа“, рече Снеже, а Тони додаде дека тој плоштад е на повеќе нивоа и може паркур да се прави.

-Дури и го правам тоа намерно. Сите ми велат: Дали си ти луда. Да? На почетокот беше дали си ти луда? Дали си ти нормална? Потоа им стана нормално и добивав и поддршка и лајкови“, рече Снеже чиј хаштаг е „Блескај“.

Таа најави дека со емисијата „Вип на еден ден“, прави пауза од ТВ поради новонастанатата состојба, затоа што луѓето на коишто им помагаше се со нежно здравје.




Снеже објави слика со својот омилен велисипед која е сликана рано, рано во 6.45 сабајле на скопските улици. До сликата, таа напиша: Ќе возам и за вас да не станувате рано!

Сега, таа е на одмор каде што исто така вежба, но објави и опуштена слика во бикинина која се гледа дека изгледа совршено, и ова е првпат Снеже да ја видиме без опрема за вежбање.




Таа својата слика од плажа си ја надополни со Кад би доџеш ти, песна од Оливер  Драхојевиќ.

Претходна статијаАва Керш икогаш не го заборави Пепи Бафтировски, со тага сподели што ја врзува за него (ФОТО)
Следна статијаСека ги почести фановите со слика од деколтето, има што да покаже (ФОТО)