Од утре нови правила за влез и излез од ЕУ – патниците ќе мораат да пополнат декларација доколку имаат во себе повеќе од 10 илјади евра

0

По стивнувањето на пандемискиот вирус, земјите од ЕУ почнуваат со извесна норализација на животот, но и на протоколите за влез и излез од Унијата.

Од компанијата Визер, деновиве стигнуваат вести дека полека летовите се враќаат во старата нормала.

На 23 мај се случи и првиот обновен лет, а од нискобуџетната компанија Визер соопштија дека повторно „оживуваат“ седум рути . Повторно од македонските аеродроми ќе може да се лета до Франција, Германија, Австрија и Шведска.

Менаџерот за корпоративни комуникации во Визер Андрас Радо е среќен што рутите преку Македонија повторно се отвораат и вели дека на овој начин Визер ја покажува посветеноста на патниците да им понуди безбедно патување низ Европа и пошироко.

Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден , Париз Бове, , Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме се рутите со кои Визер повторно ја поврзува нашата земја.

Од утре ЕУ воведува нови правила за внесување и изнесување на готовина. Новото правило е во интерес на борбата против перењето пари и изворите за финансирање на тероризам.

Сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници.

Дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети.

Царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.

Властите ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на нелегални активности.

Претходна статијаЏамбазов отиде на село, скрати коса, избричи брада, се подмлади, ама почна и пити да меси (ФОТО)
Следна статијаМузичарот Спасен: Се јавуваат за свадби и прашуваат дали пееме српско – јас можам, но си сакам Македонска музика