Џамбазов отиде на село, скрати коса, избричи брада, се подмлади, ама почна и пити да меси (ФОТО)

0

Цитатите кои актерот, музилар, шоумен и писател Игор Џамбазов ги споделува од неговите книги се често едни од најпопуларните негови објави, а ги споделуваат и многу од неговите обожаватели.

Една од нив вели: „Пријателе мој, не плаши се од неписмените. Тие обично се простодушни и безоспасни. Плаши се од полуписмените. Тие се бездушни и многу опасни“.

Игор, кој сака да патува низ Македонија, пред извесно време се јави од струмичкото село Петралинци и тоа од дворот на неговиот добар пријател и ја раскажа приказната за Перо Петело, пашата од Петралинци.

„Добар ден, се наоѓаме во дворот на куќата на Банде и на Сузе во село Петралинци. Тоа е Перо петелот и има шест невести. Јас сум една не можам да прекарам“, рече Џамбазов.

Игор Џамбззов е секогаш горд на својата мајка, актерката Анче Џамбазџова, но и на татко му, маестро Александар Џамбазов.

Игор во едно интервју изјави што научил од мајка му и од дедо му, легендарниот актер Петре Прличко: Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лу дило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен. Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе.

А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак.

Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во еднo“, рече Џамбазов за „Фактор“.

Џамбазов во една прилика сподели уметничка фотографија од Петре Прличко на Инстаграм и напиша: Дедо ми 5-ре низ очите на легендарниот Димитар Кондовски…масло на платно.

Актерот има повеќе од 93 илјади следачи на Инстаграм, и неговите видеа кои во последно време се најчесто од Дојран ги орасположуваат неговите следбеници во ова тешко време.

Од неодамна, Игор е активен и на социјалната мрежа ТикТок, како и сите светски и балкански ѕвезди, и за кратко време веќе го следат 14 ипол, илјади луѓе. Во новото видео тој упатува благодарница и во неа вели:

– Едно големо, најголемо благодарам до сите доктори, медицински сестри и брача, полицаjци, војници, касиерки, продавачки, шофери, таксисти.

Благодарам, од името на Македонија, за се што правите за нас“, рече актерот и ја испеа песната од една позната реклама која почнува и вели:

Мерси е моето благодарам, мерси за тоа што си ти.“ Џамбазов сподели црно-бела слика со своите драги колеги и носталгично напиша:

Со колегите Александар Чамински и Раде Рогожаров, некаде во минатиот век, пијани од слобода, љубов кон театарот…и пиво. Тој е сега во Охрид со Илина која таму има свој хостел, а на едно од сторињата вели: Дојран дојде во Охрид.

Џамбазов сподели слика од својата мајка Анче и дедо му Петре Прличко од насловна страница на ревијата „Екран“ од далечната 1970 година и објасни:

-Тоа беше престиж, да си на насловна на “Екран” Јас сум бил скоро дваесет пати, и секогаш по малце сум се подмочнувал во гаќи од среќа…“

Игор е се уште во охридско-струшкиот регион, поточно во селово Вишни, струшко. На новата слика која ја објави на Инстаграм се гледа дека тој е видно подмладен и многу среќен.

Актерот ја избричил брадата и ја скратил косата и сега изгледа како во времеето на помладите денови. Она што освен животот на село и љубовта на неговата Илина го прави среќен е и готвењето, поточно тегнењето тесто.

Игор објави слика како тегне тесто со Илина и со нивна пријателка и напиша на свој начин: Домаќинката @zanetaneska и @ilina_arsova тегнат тесто за “тегнато”. Јас го тегнам чаршафот.

Претходна статијаБорче Стаменов се налути: Човек, кој добил компјутер се пријавува од различен профил и сака уште еден
Следна статијаОд утре нови правила за влез и излез од ЕУ – патниците ќе мораат да пополнат декларација доколку имаат во себе повеќе од 10 илјади евра