Комшија мој, газда е тука, со фирми со пари – запнал Швајцарија да оди

0

Сакам да прокоментирам за она што го слушнав и видов пред некоја недела. Се работи за еден мој сосед, имотен човек, нема што, вака го започнува своето сведоштво Сашко.

Си има тој пари, но и свој бизнис. Има фирма, три автобуси и неколку кобиња кои патуваат до Италија и Швајцарија секоја недела, но и прави тури до Турција.

И богами не му оди лошо, има син и ќерка веќе повозрасни се, но и тие веќе се навлезени во работата и одат како помошници на турите.

Да не беа неговите родители што се иселеници во Швајцарија уште одамна, тој немаше сам да може ни едно комбе да купи.

Небитно, си тераше човекот така фамилијарен бизнис, жена му си работеше исто во фирмата како секретар, таа закажува патници, врши наплата, организира и слично.

Буквално имаа можност да живеат како газди овде. Но, ете нешто му текнало на комшијава, не па не, мора да одат во Швајцарија, демек таму поубаво ќе живеат од овде.

А и неговите родители кога веќе се таму, барем полесно ќе им било и сместување да најдат. Не е мое да се мешам, но му велев неколкупати дека нема потреба да оди во странство, кому ќе ја остави тука куќата?

Си имаат доволно само да го уживаат животот, да шетаат секој викенд, да вработат некој наместо жена му, ама зошто да давале плата на друг кога можело меѓу нив да се вртат парите.

Епа сега, кога му текнала таа идеја, мораше стварно да најде работничка. Син му си реши, си остана тука и продолжи да си работи со автобусите.

А тие нека одат во Швајцарија и нека ‘рмбаат за плата. Си живее тој во свој филм дека таму поубав е животот, повеќе пари има, а не му текнува дека и стандардот е повисок за разлика од нашиот.

Со парите што ги заработува од автобусите може да биде прав газда тука, а и не е млад за да се сели дури сега. Нека ги пушти децата да одат в странство на работа или образование.

Многу чудни луѓе. Да имаш сè што ќе посакаш тука, и да го оставиш за само да одиш в странство да работиш. Ама изгледа си се полакомил тој, сака и одовде а и оттаму пари да зема.

Да речеш да немаат, ајде отишол да заработи, но вака.. тие си знаат, нека им е убаво, само не знаат да го искористат роа што им го нуди животот.

Некој сонува за да може да врти бизнис и да има сигурен приход, а не да работи од сабајле до вечер за минималец. Како сакаат, само ќе дојде денот кога ќе разберат што испуштиле, но ќе им биде касно за враќање назад.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаЛамбе од Америка се врати во Битола, му оддаде почит на голем Македонец (ФОТО)
Следна статијаСефер Цаноски со силна порака за важна личност во својот живот (ФОТО)