Ламбе од Америка се врати во Битола, му оддаде почит на голем Македонец (ФОТО)

0

Еден од нашите најпознати пејачи, Ламбе Алабаковски, во 2013 година се ожени со неговата девојка Магдалена, македонка од САД. Набрзо потоа, Ламбе со Магдалена се пресели на Флорида, но никогаш не го заборави родниот крај, особено неговото село Љубојно во Преспа.

Додека живееше во Македонија, Ламбе освен пеењеето имаше и семеен бизнис. Како и повеќето семејства од преспанскиот крај, и неговото се занимаваше со берба и со продажба на јаблка, и овој бизнис се уште одлично им оди.

Кон крајот на април минатата година година, македонскиот пејач стана татко по втор пат на синчето Димитриј, додека првиот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.

Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше послабо активен. Во времето кога живееше во Битола, се занимаваше со фамилијарениот бизнис, продажбата на јаболката од семејниот имот.

– Навистина е радосно и истовремено одговорно да се биде родител, една благородна улога во животот . Тие се разлика пет години, па сега Михаил бара големи играчки а Димитриј сеуште не буди во ноќта за млеко.

Моментално имам своја мала компанија за транспорт. Тука се се работи и нема застанување. Со музика се занимавам само приватно дома и со пријателите.

Го завршив и факултетот, кој многу ми помага, но сепак подобро е да си свој газда на сопственото време и со своја фирма.

Тука се има, но само слободно време не. Мојата сопруга како и повеќето работи од дома, прво како добра домаќинка и мајка, па професионално со нејзината професија како медицински кодер на софтвер или како ли се вика по наше!

Ергенскиот живот не ми недостасува, но естрадата- да. Ми недостига, но сега сум со други приоритети во животот а музиката е во мене, таа не ми фали.

Таа е како дар од Бога, а подоцна кога ќе се посветам на некој проект би и се вратил на сцената, како одолжување кон својата публика, која верувам созрева како и мене низ животот.

Да не звучи клише но мојата сопруга ја љубам секој ден се повеќе а верувам и таа мене. Децата го зацврстуваат бракот и заедно ги поминуваме сите искушенија и проблеми кои ги носи животот“, изјави Ламбе на крајот од минатата година во интервју за ММС.

Ламбе сега ретко го има на социјалните мрежи и никогаш нема објавено што работи. Минатата година, тој сподели е обработка на неговата песна „Земјо моја“ на ученици од Гостивар, кои ја испејаа по повод празникот Св. Климент.

„Според мене успех е ако некогаш оставиш некое дело истото помладите генерации да го негуваат и почитуваат! Честит празник на св Климент Охридски прв архипастир Македонски!

Овие негови ученици од Гостивар, и денес го продолжија неговото дело и меѓудругото ја изведиа и песната “Земјо Моја” Ви Благодарам и се радувам.“, напиша Ламбе.

Пејачот сега е со сосема сменет имиџ, има доста пократка коса и брада кои одлично му стојат. Изгледа дека семејниот живот и претстојот на Флорида му годи. Ламбе е горд татко и споделува и фотографии од своите синови.

Ламбе објави слика со познатито актер Владо Јовановски, кој своевремено беше познат и по серијалот „Истражи ја Македонија“. Ламбе и Владо се сликани во Битола, токму на снимањето на оваа серија.

-На снимањето на „Истражи ја Македонија“. м напишал Ламбе под сликата во 2012 година, а сега, откако ја сподели тој напиша: Ништо не е случајно!

Ламбе во моментов е повторно во Битола, каде што живееше пред да се пресели во Америка. Тој објави стори на Инстаграм како ужива во прошетка низ градот, а потоа објави уште едно.

Ламбе се сликаше пред вечното почивалиште на Ѓорѓи Сугарев, македонскиот револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

Тој му оддаде почит на Сугарев и го овековечи овој момент. На сликата се гледа дека пејачот воопшто не се сменил, изгледа како во деновите кога беше активен на естрадата.

Претходна статијаПо десет години борба, нашата фолк пејачка стана мајка, никој не знаеше дека очекува принова (ФОТО)
Следна статијаКомшија мој, газда е тука, со фирми со пари – запнал Швајцарија да оди