Грабна да ме боли заб во Њу Џерси – скапо е, ама морав да одам и ќе кажам, ваква забарка не ме работела во МК

0

Летно време, нашинците од дијаспората, кога ќе дојдат во Македонија, една од првите работи кои ги прават е посета на Стоматолог.

Причината за ова е едноставна. Скоро секаде низ развиените земји, стоматолошките услуги се многу скапи. И не само стоматолошките, општо, сите здравствени услуги.

До нашата редакција пристигна реакција од нашинец кој живее во Њу Џерси, Америка:

-Најчесто забите ги поправам кога се враќам на одмор во Македонија. Тоа е во летните месеци, но некои години, кога работните обврски ми го дозволуваат тоа, знам на дваесеттина денови да си дојдам и околу новогодишните и Божиќните празници.

Но годинава знаеме што се случува со пандемискиот вирус. Некаде до крајот на јуни месец воопшто не можеше да се лета за Македонија. Во јули, кога го отворија скопскиот аеродром, веќе не можев да одам поради работата и ова лето, односно оваа цела година, воопшто не отидов во Македонија.

Како за беља, септември месец ме фати заб. Пробував на најразлични начини да ја смирам болката, надевајќи се дека некако ќе пребродам до зимава, но не успеав. Болеше сè повеќе и повеќе.

А пробував најмногу од финансиски причини. Бидејќи тука, дентал осигурувањето не покрива речиси ништо, дури и да го имаш. Покрива само преглед и чистење заби, евентуално пломба, мислам.

Морав да одам на забар. Бидејќи не сум многу долго тука и не ги познавам стоматолозите, се распрашав по пријатели кои имаат искуство и ми ја препорачаа д-р Мариола, полјакиња која работи во Клифтон, Њу Џерси.

Клифтон се граничи со Гарфилд и Патерсон, а тоа се трите гратчиња каде Македонците, но и останатите луѓе од Балканот, се најмногу сконцентрирани.

Нејсе, ја најдов д-р Мариола и веднаш наидов на топол прием од нејзе и нејзиниот сопруг Петар, кој работи како асистент за административни работи, а ги закажува и термините за посета.

Д-р Мариола ме прегледа и констатираше дека треба да се чистат канали, а потоа да се затвори со пломба или со колче и порцелан. Тоа беше поскапата варијанта.

Јас сега нема да ги откривам цените, само ќе кажам дека Мариола ми наплати околу дваесет проценти помалку отколку на друго место, бидејќи отпосле се јавив на 2-3 места и навистина се потврди тоа што го зборуваше д-р Мариола, дека таа наплаќа помалку од нејзината конкуренција.

Но што е тоа што сакам да го нагласам. Услугата, односно нејзината стручност. Јас ваков третман не сум доживеал во Македонија, во мојот речиси педесетгодишен век.

Прво, ова беше апсолутно безболно, а знаеме што значи чистење канали. Прво спреј, па две ин-екции. А потоа темелноста во работата.

Д-р Мариола изгуби со менечетири термини. После секој третман, таа правеше снимки, за да види до кое ниво се исчистени каналите. Кај нас ова не го прават или ретко некој да го прави. Оценуваат по слободна проценка дека каналот е исчистен, па потоа на некои луѓе им се јавуваат повторно болки.

Жената ги исчисти каналите прецизно и комплетно. Еве поминаа неколку месеци, немам проблем и затоа одлучив да пишам и да ја пофалам. Ќе повторам уште еднаш, ваков третман на забар немам доживеано. Секоја чест!

Обработи: П.П.   Фото: Илустрација и ФБ профил на д-р Мариола

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаГастрабајтер од Германија ја руши куќата на Шабан, жена му Гордана ја кажа вистината
Следна статијаШилегов: А зошто да не се направи жичара до Галичник?