Добри вести од Визер – повторно пуштени летови за Германија, Австрија, Шведска – еве до кои градови ќе се лета

0

Пред неколку месеци од Визер, најголемиот авиопревозник во нашата држава кој има најмногу летови од и до македонските аеродроми, информираа дека компанијата сега воведува уште една опција.

„Визер“, европската авиокомпанија со најголема стапка на раст, објави дека ќе им понуди на патниците покритие за Ковид-19, достапно на Wizzair.com, преку партнерство со осигурителната компанија Chubb.

Патниците на „Визер“ можат да купат патничко осигурување кое сега ги покрива откажувањата и трошоците за лекување поврзани со Ковид-19 при патување во странство.

На пример, ако се заразите со Ковид-19 додека патувате во странство и претрпите дополнителни трошоци поради продолжен престој или медицински третман за време на болеста, „Визер“ патното осигурување ќе го покрие ова (со применливата максимална сума).

Или можеби сте требале да го откажете патувањето затоа што се заразивте со „Ковид-19“ пред заминувањето. Осигурувањето на „Визер“ е тука за да ве заштити.

Патничкото осигурување „Виз ер“ опфаќа и изгубен, украден или оштетен багаж, како и пропуштени заминувања.

Покрај патничко осигурување, „Виз ер“ нуди и индивидуално покритие за откажување во одредени земји. И покритието за откажување и патничко осигурување може да се купат или за време на процесот на купување авионски билети на веб-страницата на „Виз ер“ или преку апликацијата – и се однесува и на билетите во еден правец и на повратните билети.

„Ние во WIZZ сме посветени на оптимизирање на искуството за патување, без разлика дали станува збор за процес на купување билети, услуги за време на летот или дополнителна понуда што го прави патувањето поудобно и полесно.

Благодарение на нашиот проширен пакет за патничко осигурување, патниците можат да бидат уверени дека се подготвени и покриени во случај Ковид-19 да го наруши нивното патување“, рече Андрас Радо, виш менаџер за корпоративни комуникации

„Визер“ изјави дека 2021 година ќе биде „година на транзиција“ бидејќи ограничувањата се олеснуваат, иако очекува дека повеќето ќе останат на сила во текот на првиот квартал од годината.

Од компанијата деновиве стигнуваат вести дека полека летовите се враќаат во нормала.

На 23 мај се случи и првиот обновен лет, а од нискобуџетната компанија Визер соопштија дека повторно „оживуваат“ седум рути . Повторно од македонските аеродроми ќе може да се лета до Франција, Германија, Австрија и Шведска.

Менаџерот за корпоративни комуникации во Визер Андрас Радо е среќен што рутите преку Македонија повторно се отвораат и вели дека на овој начин Визер ја покажува посветеноста на патниците да им понуди безбедно патување низ Европа и пошироко.

Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден , Париз Бове, , Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме се рутите со кои Визер повторно ја поврзува нашата земја.

Претходна статијаБојана Скендеровски ја одбрани Нина Јанева откако ја згреши химната: Знам дека ја носи Македонија во срце!
Следна статијаБорче Стаменов се налути: Човек, кој добил компјутер се пријавува од различен профил и сака уште еден