Бојана Скендеровски ја одбрани Нина Јанева откако ја згреши химната: Знам дека ја носи Македонија во срце!

0

По подолга пауза од музичката сцена, поп пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се врати на естрадата со песната ,,Круна”.

Бојана е мајка на Искра и Ѓорѓи, кои се појавуваат во спотот за новата песна, а за кои раскажува дека се нејзината круна, која со гордост ја носи.

Бојана за Фокус рече дека долго време се подготвувала за враќањето и внимателно избирала песна која најдобро ќе го отслика нејзиниот живот сега, кога се оствари како мајка и е веќе зрела жена, посветена на семејството и истовремено на семејниот бизнис, продукцијата ,,Скендеровски”.

Со две деца, кои се на возраст од три и еднаипол година, со секојдневната грижа за нив и за домот, и со обврските во продукцијата, таа сепак вели дека во природата на жените е да можат да се изборат со се, да бидат успешни на повеќе полиња и да се справат со секој животен предизвик.

-Јас во душа сум феминист, секогаш се борам за правата на жената.

Дали е лесно да се биде жена, мајка, сопруга, да се гради кариера, да се внимава за се што е потребно во домот, да се изгледа добро, да се заработува?

Воопшто не е лесно, но, како што минува времето, листата на работи кои се очекуваат од денешната жена постојано се надополнува.

Мојот став секогаш бил дека е многу погрешно сфаќањето дека жената е само за во домот. Колку е тоа погрешно се гледа редовно, со успесите кои жените ги постигнуваат на сите полиња.

Би рекла, овој 21-ви век ни донесе многу барања и предизвици кои секоја жена, со тешка организација успешно ги остварува – за ,,Фокус” раскажува Бојана.

-Да имаш две малечки дечиња како моите со толку мала разлика, Искра која има 3 години и Ѓорѓи една ипол година , а притоа да имаш и своја кариера, а плус треба да бидеш и сопруга, да имаш време и за социјален живот, за мене е огромен животен предизвик..

Не е лесно но сепак јас сакам да сум сестрана личност, и се трудам да постигнам сè.

Пандемијата нè поремети комплетно, не ни остави простор да бираме многу многу, па затоа со Васко се трудиме на децата да им бидеме креативни, да им го менуваме секојдневието во домашни услови.

Ги научивме сите детски песни, имам едно опасно долг репертоар од „Поточиња“, „СИ- ДО“ и „Златно славејче“, додаде Бојана за нејзиното секојдневие во Женски магазин.

Таа не крие дека е многу вљубена во сојот сопруг Васко Скендеровски, првиот човек на Скендеровски продукција, па објави слика со својот сакан и емотивна посвета. „Мојата сродна душа“, напиша пејачката.

Со години наназад, Бојана е една од најатрактивните пејачки на нашата музикча сцена, и успешна водителка на емисијата Улица Македонија. Таа е интересна појава за публиката, и токму затоа за неа се зборува и се пишува. Поселдниве денови, се пишува и за нејзината колешка, Нина Јанева- Николовски.

Нина Јанева е една од нашите најпознати пејачки, позната по својата квалитетна изведба и карактеристичен вокал. Нина својата кариера ја започна во женската група „4 плеј’.

Нејзиниот талент беше откриен на натпреварот „Плеј, потрага по ѕвезда“ кој своевремено го организираше продукцијата „М2“ На истата сцена со неа започнаа и Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Сања Лефкова, но и Бојана Скендеровски и други.

Нина и нејзиниот сопруг Александар од 2019 година ги живеат најсреќните мигови. Нина и Александар, кои се венчаа минатото лето, на 19 септември ја добија ќерката Арија.

За интересното име на ќерката, Нина рече дека е музикалната верзија која победила помеѓу два избора.

„Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот“, напиша Нина за ќерката кога ја роди.

Јанева секогаш јавно упатува критики за она за што смета дека не е добро во нашето општество и е секогаш отворена и директна. Еден нејзин јавен Фејсбук статус е таков.

„ МАКЕДОНИЈА: Не постои друго општество и држава која толку многу ги фрустрира сопствените граѓани, сопствените чеда. Не постои друг народ кој одамна веќе не ја почитува својата држава колку и да ја сака својата татковина..

Не постои друг народ кој толку пати во обид да си ја прехрани фамилијата.. Не уништивте, не спремивте за мен тални и казнено поправни институции…

Се будиме и легнуваме разочарани од сопственото, сопствениот и сопствените. НЕ УБ -ИВТЕ! НЕ ПРЕДАДОВТЕ!

Зарем не ве боли кога го гледате ваков народот свој? За пари? Во гр об ли ќе ги носите? Нели ви е доста? Имате ли трошка емоција за нашите деца, за нашето достоинство?

Знаете ли дека луѓе одат на работа и не им даваат плата? Управа за Јавни Приходи – УЈП проверете кои фирми немаат исплатено плата на вработените и им должат со месеци, затоа што следниот чекор е медиумски покриен настан кој јас ќе го организирам лично!“, најави пејачката.

Таа пред неколку дена се огласи откако на протестот за ослободување на осудениците од „27 април“ ја згреши национална химна „Денес над Македонија“.

„1000 химни имам испеано, за првпат згрешив“, изјави Нина за Женски магазин. -Два дена плачам од разочараност од себеси.

Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, објаснува Јанева која по грешката побарала уште еднаш да ја испее химната, откако заборавила да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“

Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите…

Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од се. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв, напиша Јанева на Фејсбук откако згреши.

-Првиот пат, втората строфа ја заборавив, отпеав два пати трета строфа. Вториот пат се качив на бината и самата побарав да ја препеам.

Откако народот сфати дека е грешка, затоа што имав доблест по втор пат да се качам да ја пеам химната, а трет пат ја запеав „Налеј“, почнаа да пеат сите со мене до еден“, рече пејачката.

Бојана Скендеровски беше на снимање на емисијата „Опуштено со Тони“, каде што Нина Јанева исто така има гостувано, а таа е дел од бендот кој исполнува убава музика во емисијата.

Бојана објави слики од снимањњто со Тони и со Нина и напиша статус во кој ја одбрани својата колешка:

-Драги луѓе,уште поубава енергија, опуштена атмосфера, а колку само ми фалеше Toni Sanac Mihajlovski со најзаразното смеење на светот! Дечки честа беше моја, да ме викнете на гости! Ве сакам.

Гледајте “Опуштено со Тони” во петок! П.С.Не сакам ниеден негативен коментар за девојкава до мене,јас знам дека ја носи Македонија во своето срце!“, напиша Бојана.

Претходна статијаЕлена Ристеска со својата најголема љубов (ФОТО)
Следна статијаДобри вести од Визер – повторно пуштени летови за Германија, Австрија, Шведска – еве до кои градови ќе се лета