Доаѓам од Америка и дознавам дека брат ми ги обработил моите сè него да му остават, ништо за мене – немам повеќе брат

0

Стана веќе вообичаено да читаме исповеди како овој подолу. Нечовечноста оди дотаму што не важи веќе светињата брат, сестра, да не зборуваме за пријател или некој близок. Впрочем, прочитајте:

-Ќе бидам кратка, само сакам брат ми да ја прими пораката, овака јавно. Пред 8 години се омажив во Америка, сега живеам на Флорида…

Дома се враќав на секои 2-3 години, колку што можев да си дозволам.

Овде животот е скап во Америка, мора многу да се работи, затоа и дојдовме во Флорида, малку поевтино е да се живее поради големата влажност. Постојано се потиш, таква е климата.

И да не должам, на родителите им испраќав пари колку што можев, редовно, никогаш не ги заборавив. За жал, минатата година во период од четири месеци и двајцата ги загубивме.

Тоа беше голем удар за мене, голема тага, особено затоа што не можев да стигнам да дојдам за вечното испраќање на мајка ми.

Мислев дека тоа е нешто најлошото што може да ми се случи и многу тешко го поднесов. Не очекував дека после татко ми веднаш ќе си замине и мајка ми, а овде не ми дозволуваа од работа да отсуствувам.

А потоа следеше нов, трет удар. Овојпат ударот ми го нанесе мојот роден брат!

Дознав дека во наследство ништо не ми оставиле моите родители, дека тој е единствен наследник на сè, на куќата, на дворот, на нивата, апсолутно на сè, а јас ништо не сум добила.

Ниту еден метар квадратен, да имам каде да преноќам кога ќе доаѓам во посета, кога ќе доаѓам дома. Сега веќе немам “дома”.

Знам дека тоа не е волја на моите родители и дека тој некако успеал да ги натера. Очекував барем една соба да ми остави.

Жално, ама веќе немам каде да се вратам кога ќе се враќам од Америка, а веројатно веќе нема никогаш да се вратам, кој ме сака таму?

Никој! Ни родениот брат! Епа фала ти брате, ова е последен пат што те нарекувам така, да знаеш дека повеќе немам брат!

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаСите гледаа во познатата водителка Сања, како да има 20 години, а не 47 (ФОТО)
Следна статијаНишто не е завршено: Проф. Трајковски проговори за Делта сојот