Ништо не е завршено: Проф. Трајковски проговори за Делта сојот

0

Професорот по Механика од Битола Дејан Трајковски, кој прави анализи на официјалните бројки на актуелниот вирус, вчера направи анализа на податоците од земјите во кои се распространува Делта сојот од вирусот и предупреди дека многу лесно може овој сој да стане доминантен и кај нас:

„До каде, географски најблиску до Македонија, стигнала варијантата „Делта“ на корона вирусот?

Со увид во датабазата на ГИСАИД иницијативата, забележуваме дека во Грција до денеска се секвенционирани 10 случаи на САРС Ков2, варијанта B.1.617.2 „Делта“.

Се разбира, вкупниот број случаи е далеку поголем од бројот на секвенционираните случаи. Случаите ги внесуваат со големо задоцнување, па така ова се случаи од крајот на април до средината на мај (но можно е да го сопреле ширењето).

Сепак, мора да се признае дека Грција натпросечно добро се справува со епидемијата на ковид-19 и засега многу добро го држи вирусот под контрола (што не значи дека нашите летовалци не треба максимално да внимаваат).

Понатаму, во Италија до денеска има 197 секвенционирани случаи на Делта сојот и таму прилично ажурно ги внесуваат случаите во датабазата.

Во балканските земји, освен десетте случаи во Грција и еден случај во Бугарија (не сметајќи ја Словенија со 5 случаи), засега не е секвенциониран Делта сојот.

Дури ни Македонија се уште не го рапортирала во датабазата нашиот прв и единствен случај, увезен од Ирак. Патем кажано, во Македонија сме имале еден случај на јужноафриканскиот сој „Бета“ во април.

Се разбира, во денешно време на развиен воздушен сообраќај растојанието не значи многу, па вирусот може да ни пристигне од било која европска или воневропска земја каде што има наша бројна дијаспора.

Да се потсетиме дека во Велика Британија Делта сојот веќе доминира со околу 90% меѓу сите соеви, а во Русија и Португалија исто така е доминантен и интензивно се шири.

Летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата.

Колку и да изгледа безгрижно моменталната состојба, за кратко време може да се претвори во кош мар, со оглед на малата стапка на вакцинираност на населението.

Масовните собири, ноќните клубови и свадбите, можат само да долеат бензин на о гнот после првата искра.“

Претходна статијаДоаѓам од Америка и дознавам дека брат ми ги обработил моите сè него да му остават, ништо за мене – немам повеќе брат
Следна статијаЦрна Гора широко се отвори – укинати речиси сите мерки, но туристите да внимаваат – за влез во ноќен клуб се бара негативен тест или имунизираност