Влатко Ѓорчев со солзи во очите прозборе за својот упокоен татко и за сопругата која ја нарече херој

0

Политичарот Влатко Ѓорчев гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител, и рече дека последнава година му донела и добри и лоши работи.

Добрата е повеќе време поминато со сопругата и со децата, а лошата е стресот кој на сите ни го донесе кризата со вирусот.

– Кај нас дома е Дизниленд, дома е веселата дружина, дома се штрумфовите мои, но тоа е најубавата работа којашто човек може да ја имам во животот, тоа е најубавата улога.

Улогата на татко, на мајка како што е мојата сопруга, псоветена, одлична, прекрасна, мислам дека е незамелива, не може да се спореди со ништо друго.

Така што, дома е убаво, дома е супер. Не е лесно. Од се по нешто, и останува збор за мерак. Дома ти е секој ден финале на светско првенство во фудбал. Сите тие прегратки, сите тие емоции. Имаш можност да ги гледаш од првиот ден тие цвеќиња како расцутуваат.

Јас многу често ги носам во школо, во градинка, ексклузивно моја обврска е носењето на фудбал на машките деца, нели имаме две машки и две девојчиња. Филип и Никола тренираат фудбал.

Ќерката помала е уште мала, Катерина е мала, но Марта ја носев на балет, така што имаме една убава поделба, фудбал и балет“, изјави Ѓорчев за своето семејство.

– Кога немаше училиште, јас бев тој којшто е одговорен за македонски јазик, јас бев наставник по физичко. Исто како бивши Корчагинец, бев тука повеќе во дел на математика. Со сопругата се надополнуваме.

Апсолутно, таа е најголемиот херој во оваа приказна, сите комплименти за неа, јас сум тука втората виолина, јас сум тандемот“.

Потоа водителката го праша дали е исплашен од вирусот, особено по загубата на неговиот татко, познатиот д-р, пулмологот Анѓелко Ѓорчев.

– Па, исплашен не, но загрижен да. Мислам дека сите треба да бидеме загрижени, затоа што што блиску е , до сите нас е. Не треба да имаме страв, но истовремено не треба да имаме и некоја голема опуштеност, затоа што епидемијата не е готова.

Дај Боже да се убрза некако работата со вакцините, па да се вратиме во некоја: Среќна Нова 2019. Потоа, новинарката го праша за загубата на неговиот татко и кои се основните работи по коишто ќе го памети, а тој воздивна длабоко и рече:

– Знаете како, ние сите зборуваме малце. Ако би можел една работа или препорака да дадам на гледачите или на сите оние кои не гледаат или слушаат, а тоа е да поминат што е можно повеќе време со нивните родители, додека се здрави, добри и живи.

Затоа што времето лета, затоа што не знаеме дали со нашите родители ќе бидеме заедно едедн месец, една година, десет години или дваесет години. Генерацијата на нашите родители е друга, веќе не се млади.

И како да ви кажам, помешани чувства. Од една страна, вонредно сум тажен, повеќе сум тажен отколку што можев да претпоставам кога станува збор за загубата на мојот татко.

Истовремено сум многу горд, затоа што неговото заминување беше повод, огромен, огромен, и трет пат огромен број на луѓе, да ни се јават, да пишат, да кажат нешто за него.

И не беше тоа само формално нели, за упокоениот се најубаво, туку тоа беа конкретни примери каде што им помогнал, каде што им изгегол во пресрет, каде што останал повеќе, значи, тоа беа огромен број на пациенти од секое село.

Мене од сите овие кампањи, трчање низ Македонија, нема место каде што не сум бил, ќе се најде по некој негов пациент.

За градовите да не зборуваме. Епизоди, ситуации, и така натаму. Така што ете, неговото наследство ќе живее, многу луѓе ќе го спомнуваат, тој беше народен доктор.

Пред неговата канцеларија секогаш имало редици кои чекале, затоа што знаеле дека ќе бидат примени. Има места каде што вратата не се отвара. Кај него, вратата секогаш, секогаш се отвораше и не одбиваше луѓе, така што ете тоа се тие измешани чувства.

Се надевам дека кога ќе остарам и јас ќе станам дедо, и ја ќе ја имам неговата посветеност и љубов, кон своите внуци, како што тој ја имаше за моите деца“, рече Ѓорчев со насолзени очи.

За крај рече дека негова неостварен желба е да стане спортски коментатор, дека собира сличкички и навива за Македонија во фудбал на Европско.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаОстанавме без леб, моите ишколуваа три деца: Ја отвори душата Андријана Јаневска
Следна статијаНеколку дена не е јадена, влошена состојбата на славната Ју пејачка која е во болница