Останавме без леб, моите ишколуваа три деца: Ја отвори душата Андријана Јаневска

0

Андријана Јаневска во емисијата „Јади бурек“ кај Јанко Илковски прозборе за своето семејство и потешкиот пат по кој станала успешен музичар.

– Три деца сме, со дисциплина сме растени и воспитувани. Многу се гордеам со мојот брат и мојата сестра. Брат ми се вика Роберт, инаку е доктор на науки по молекуларна биологија, генетичар, во Англија докторираше.

Сега овде си има своја фирма за генетски испитувања, инаку долги години работеше како вештак во МВР и навистина сум од мали нозе си науката. Бидејќи бевме во иста соба, од бебе читаше, од диносауруси, до ѕвезди…

Додека пак сестра ми Николина којашто е помала од мене е оперска пејачка, вработена е во Македонската опера и балет, мецосопран, така што мислам дека сите на некој начин си го најдовме својот пат“, рече Андријана.

Потоа додаде дека сестра ѝ живее во Милано, а во Скопје доаѓа секогаш кога има претстави.

– Моите родители беа чесни работници, беа велам затоа што мајка ми почина за жал пред две години, ненадејно. Инаку тоа е мојот најголем успех, и нивен најголем успех, што успејаа во такви тешки времиња, бидејќи 95-96 останаа и двајцата без работа, како и пола Македонија нели, во тој период. Сепак успејаа три деца да изгледаат, да ишколуваат.

Никогаш во живот не се случило да се јават мајка ми или татко ми на некој мој наставник или на брат ми или сестра ми за некои врски. Никогаш, никогаш… Тоа е она што ме прави горда, и гледам да го следам тој нивен чекор во воспитувањето и на моите деца.

Затоа што, многу е важно да го имате тоа искусено во животот, како е така да се живее. Сега кога си размислувам, ние како деца не сме го гледале тоа така. На пример еве, не сме имале посебна соба, еве прост пример ќе земам.

Јас сега имам услови за моите две деца да имаат посебни соби, меѓутоа намерно не сакам да спијат во посебни соби, затоа што нема да го имаат тоа што сме го имале јас, брат ми и сестра ми, како заедница, пред спиење, си раскажуваш, си зборуваш, таа блискост се уште трае.

Јас нема викенд да не одам кај брат ми, кај татко ми, сестра ми сега во Милано живее“, раскажа познатата музичарка во интервјуто.

Потоа раскажа за професијата на нејзините родители. „Татко ми работеше во Железара, електричар, а мајка ми книговодител, работеше во една државна форма на Плоштад, Интерпрогрес.

Меѓутоа и таа се затвори и тогаш практично ја отвори нејзината книговодствена фирма којашто и ден-денес опстојува, меѓутоа, тоа беа најтешките мигови да кажеме, кога буквално сме останале што се вели без леб.

Меѓутоа, тие си знаат како им било. Мојот занает е виолината. Јас сум вработена како виолинист во Македонската опера и балет. Таму работам, таму одам на работа, таму земам плата, и сето друго е екстра да кажеме“, рече Андријана која има свое приватно музичко училиште.

-Јас на почетокот, кога бев дете, многу сакав да свирам клавир, мало дете на 5-6 години. Така всушност и моите родители забележале дека имам талент на едно детско клавирче.

Јас никогаш не просвирев клавир бидејќи немаа пари да ми купат клавир. Меѓутоа од денешен аспект, знам да свирам и клавир и виолина.

И тогаш, многу беше интересно, јас седам дома, плачам кај татко ми во скут. Се јавува професорката:

Виолина ќе свири Андријана, сум била музикална, бидејќи така одредиле професорите. Јас викам: Ама нејќам виолина, сакам клавир.

И после тоа го убедувале татко ми: Ама поефтино е, ќе ви дадеме од музичкото училиште без пари, и тоа беше пресудно.

Меѓутоа, од денешен аспект, мислам дека вистинска работа сме ја направиле“, откри познатата пејачка и професор по музика.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаИме и презиме нема да ви кажам, ама има некој: Владо Јаневски прозборе за љубовта
Следна статијаВлатко Ѓорчев со солзи во очите прозборе за својот упокоен татко и за сопругата која ја нарече херој