Неколку дена не е јадена, влошена состојбата на славната Ју пејачка која е во болница

0

Прославената пејачка Слаѓана Милошевиќ се прослави со песната „Принцеза“, дует кој го испеа со Дадо Топиќ, потоа и пеаната Мики Мики.

Имаше и се уште има оригинален стил на изведба и на имиџ, токму затоа, српската пејачка остана почитувана од Вардар до Триглав и ден денес.

Таа неодамна беше хоспитализирана во Ургентниот центар во Белград, а нејзината здравствена состојба загрижи многу обожаватели низ целиот регион.

Имено, како што јавуваат локалните медиуми, таа била хоспитализирана поради ненадејно внатрешно крв-арење, и и била укажана итна медицинска помош.

По хоспитализацијата, нејзината состојба одеднаш се влоши, па лекарите решија да ја задржат во болница.

Телевизија Прва објави дека на Слаѓана ѝ се слошило вчера, поради што била вратена на операција.

Иако сè уште нема официјални информации за точната причина за нејзиниот престој во здравствената установа.

Познато е дека причината не е вирусот, имајќи предвид дека неодамна добила негативен тест за вирусот.

– Сè уште сум во болница. Лекарите ја следат состојбата.

Идните чекори зависат од реакцијата на терапијата, која се прилагодува секојдневно и се прилагодува на состојбата на организмот – открила пејачката за порталот Нова.рс.

Слаѓа открила и дека не може да јаде нормално, па била принудена да јаде каша, што воедно и е прв оброк што го имала во изминатите неколку дена.

-Јас немав против кога луѓето сакаа да бидат до мене затоа што сум славна,  тоа е природно, сите сакаат да живеат до некој којшто е успешен.

Сите сакаат да живеат во богатство, никој не сака да живее во беда. Мене тоа не ми пречело.

Јас никогаш не сум изневерила маж. Ниту мене маж ме изневерил. Зошто луѓето да се повредуваат едни со други?

Воопшто нема основа за тоа“, рече пејачката емисијата „Скенирање“.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВлатко Ѓорчев со солзи во очите прозборе за својот упокоен татко и за сопругата која ја нарече херој
Следна статијаВиди ги овие во обложувалниците од љубомора дека имаме најјака песна и настап, све од љубомора