Не било добро, Италија ваква – таква, за мене е супер, си имам паричиња во џебот

0

Доаѓам од село од југоисточна Македонија, се викам Славе и ќе ви го раскажам моето искуство со работењето во странство. Имам 45 години и по професија сум градежен работник.

Повремено работам во некоја фирма, но најмногу работам на повик. Последниве неколку години, по еден разговор со пријател одлучив да одам во Италија на сезонска работа. Така направив и оваа година.

Цели два месеци минатото лето ги поминав на лозје и берба на јаболки. И да ви кажам премногу сум задоволен. Не се срамам и плашам од физичка работа. Не ми е тешка работата и навикнат сум веќе.

Си имам друштво, колеги и деновите не ми минуваат тешко. Се работи за добри пари и кога веќе не сум образован, барем на потешкиот начин ќе заработувам убава плата.

Си земам плата од саатнина и не е воопшто за потценување. Тука да сум и за цела година нема да можам да ги имам тие пари колку што ќе донесам од таму, и тоа чисти пари.

Во Италија не живеам сам, делам стан даден од газдата со многу колеги, но за 2 месеци се издржува. Сега барем сум слободен и со фамилијата поминувам повеќе време.

За овие неколку месеци имаме доволно за живеење, а и жената си работи. Се гледа разлика од македонска и европска пара секако.

Досега успеав со дел од заработените пари да реновирам по некоја соба, сега во план ми е на децата да им купам нов лаптоп или компјутер, нели од дома следат настава.

Да работев тука, многу тешко дека ќе можев без да подигнам кредит. Не планирам да се селам во Италија.

Задоволен сум и од досегашната заработка, ќе одмарам сега зимава некој месец, потоа пак сезонски или ако има потреба за некоја градежна работа.

Многу ми е важно и семејството, сакам секогаш да бидам со сопругата и децата, затоа не сакам многу време да останувам во странство. За нас родителите најважно е да им обезбедиме услови за живеење и прав пат на децата.

Мора и да се заштеди некој денар за факултет. Секој кој може и сака да работи, му препорачувам да замине затоа што навистина ќе има корист и заработка.

Некои ќе речат, Италија, ваква, Италија онаква. Но само јас си знам сега како ми е, со пари во џеб. Мирен ќе сум си цела година и ќе си дишам слободно.

Претходна статијаВакво нешто никој досега нема направено за Ѓорѓи Колозов (ФОТО)
Следна статијаЗдравко Чолиќ конечно прозборе за сопругата Александра