Вакво нешто никој досега нема направено за Ѓорѓи Колозов (ФОТО)

0

Среќен роденден честити царе! Денес ќе полнеше 73 години и пак немаше да бидеш стар!

Вака на 26 февруари му го честиташе роденденот на големиот Ѓорѓи Колозов, Горан Марковски – уредник на страницата за обожаватели на Ѓорѓи Колозов. Потоа тој ја наведе биографијата на актерот, која е навистина импозантна.

-Ѓорѓи Колозов, роден е на 26 Февруари 1948 година во Богданци. Син е на Ристо и Катерина Колозови. Важи за еден од најпопуларните глумци што некогаш се појавиле во Македонија!

Љубовта кон народната реч, кон она што се нарекува македонски фолклор и традиција најпрво ја наследува од својот татко Ристо, кој исто така се интересирал и собирал народни приказни и умотворби.

Неговата кариера главно ја одбележува најгледаната серија на сите времиња што некогаш се снимила во Македонија, Македонските народни приказни.

Главен “виновник” за популарноста на оваа серија е токму тој, со неговиот претпол лик, уникатниот изглед и угушливата и природна насмевка! Станува миленик на народот.

Ретко докажан глумец, на кој му лежеа баш сите улоги, толкувајќи од селанец до цар, од сиромав до чорбаџија и од ѓавол до Господ… Народот најповеќе го памети како ЦАР со богати трпези, а тој како слатко “черечи печено коковче.”

Приказните покрај тоа што имаа за цел да бидат поучни и занимливи, Ѓорѓи строго внимаваше на народниот збор, дијалект кој произлегуваше од писанијата на Марко Цепенков кои пак го опфаќаа Прилепско-Битолскиот регион.

Тргнувајќи од таму магијата на Колозовите приказни беше топла и прифатлива за сите возрасти!

Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч…Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект.

Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав. Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек!

Низ помислите понекогаш се запрашувам, уште колку ли бесценети и драги приказни би имале ако овој човек беше жив и денес?! Бог да го прости и да му дарува царство небесно!

Неодамна во емисијата „Магазин“ на Сител, за времињата кога се снимаа култните Македонски народни приказни, проговори човекот кој беше дел од големиот проект, Лазар Бараков.

Тој зборуваше за времето на старите Македонски приказни, и рече дека секој човек за таква љубов кон работата и за таква екипа каква што тој имал, мислејќи на колегите, може само да сонува.

– Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицови беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви, рече на шега Бараков, потсетувајќи се на убавите времиња.

Шенка Колозова, актерка и сценарист на Македонските народни приказни, сопруга на Ѓорѓи Колозов, со еден збор жена која ретко кој не ја почитува.

Неодамна, во едно итервју ја спомена Гоце Тодоровски.„ Во моментов снимаме ете, шуќур што Сител еве смогна сили да снима повторно Македонски народни приказни.

Од старата екипа останав уште само јас и Владе, Ванчо за жал ни отиде. Шенка пишува сценарија, од време на време игра.

Сега се вади демек, стара сум многу, не изгледам убаво на камера, ваму-таму, а јас ѝ викам: Па Шенке, баба некој мора да игра. Јас сега играм дедо, како играм дедо, а не личам?“, рече Гоце на телевизија „Сител“.

-Што да кажам јас за пандемијата? Немам право да зборувам за тоа. Јас сум пензионерка, мене вирусот не ми го смени многу животот. Што да кажат оние што одат на работа или уште повеќе оние што ја изгубиле работата?

Што да кажат оние кои мора да се прилагодат и да работат од дома? Оние што имаат мали деца и што се загрижени како тече учебната година? И како ќе ги прилагодат своите обврски и обврските на децата? – вели Шенка за Женски магазин. Таа во интервјуто во споменува и својот Ѓорѓи, со кого го помина речиси целиот свој живот.

-Јас размислувам поинаку. На тој што е жив, ништо не му недостасува, на тој што го нема – му недостасува сè, му недостасуваат живите, му недостасуваат децата, внуците, радостите на животот. Мене ми е драго што тој ѝ недостасува на Македонија.

Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“.

Ќерките ми кажуваат дека некаде на социјалните мрежи, кога беше промовиран Мостот на уметниците пред Археолошкиот музеј имало прашање зошто меѓу поставените споменици нема и споменик на Колозов. Во коментарите некој запишал: Нему не му треба споменик, Колозов е жив“, рече Шенка.

Токму ликот на Колозов го „оживеа“ фризерката и уметник Светлана Зуламоска- Гроздановска која ги создава од косата на клиентите која ја шиша.Светлана има фризерски салон во Кривогаштани и стана хит на социјалните мрежи откако го направи ликот на Игор Џамбазов.

Потоа, таа од коса има направено уште многу познати личности како: амара Тодевска, Кире Лазаров, Мајкл Џексон, Северина, Бора Чорба, Атиџе, Влатко Илиевски, Роби Вилијамс, Дртион Вејсели, Тоше Проески…

Сите обие ликови, кои се направени од косата што таа им ја шиша на нејзините клиенти, и дел се нацртани, многу личат на оригиналните ликови.

Светлана сега го нацрта и Колозов и со тоа му оддаде голема почит.

-На гостинот му рече преку една скала да се качува оти се арчат скалите и многу да не прават муабет оти арч е и тоа …Царот на приказните …“, објави таа до сликата.

Фото: Фејсбук

Претходна статијаВрчак се повлече од мене, тешко иде со него, Раде брате врати се: Пријател раскажа каде е и зошто го снема раперот
Следна статијаНе било добро, Италија ваква – таква, за мене е супер, си имам паричиња во џебот