Кратки сукњичиња носење НЕ – Матеа раскажа како е да се живее во една од најпосакуваните држави за Балканците

0

Марсеј е град на азурниот брег и е многу блиску до Шпанија. Квартовите навечер не се сигурни, за девојките е особено опасно – раскажува 21-годишната Матеа. Тешко е да бидеш девојка во Марсеј. Овде не е препорачливо да носите кратки суќнички кога излегувате навечер (освен ако сте со братот или некој постар).

Не е проблем самиот Марсеј и центарот на градот, туку квартовите во кои се ноќните клубови. Наутро се’ е супер и сигурно, но навечер започнуваат проблемите.

Моите родители дојдоа во Франција пред 24 години, а јас сум тука родена. Често го посетуваме родниот крај бидејќи тука немаме роднини, па така го научив и јазикот. Добро разбирам и зборувам, единствено малку потешко пишувам.

Марсеј е голем град, втор град по величина во Франција. Моментно има преку 850.000 жители и многу, многу странци. Тука ќе сретнете Шпанци, Италијани, Португалци, Арапи, Балканци… Впрочем, Франција е една од најпосакуваните дестинации за луѓе од Балканот.

Градот е одличен за ноќни забави бидејќи има голем избор на ноќни клубови, а се излегува само за викенд. Марсеј е и студентски град бидејќи има универзитети па поради тоа има многу студенти и млади.

Градот е поврзан со подземна железничка станица, автобуси и трамваи, и нема таква гужва како на пример во Париз. Автобусите не возат после 22 часот, а со подземната железничка не можете да одите после полноќ.

Бидејќи Марсеј излегува на море, тоа е и туристички град. Убавините на градот се стариот град, старото пристаниште и секако плажите. За жал, на крајните делови од градот и во поедини квартови има многу кри -минал.

Уште една голема мана е тоа што градот (особено надвор од центарот) не е чист. Градот е мултикултурен и има многу имигранти. Сместување може да се пронајде, а цените најмногу зависат од локацијата. Во самиот центар некој помал стан ќе го платите за 800 евра, а ист таков на крајот од градот се плаќа околу 400 евра.

Има нови и стари куќи, се’ е помешано, нема баш некој ред. Има еден дел кој го викаме „нов град“ каде што порано беше се’ старо и неугледно, а сега се изградени нови куќи и станови и нов центар, па сега тој дел е многу убав.

Француски образовен систем: со 6 години се трга во основно училиште. Тоа трае 5 години, а потоа следи втор дел од основното училиште кое трае уште 4 години. Потоа се упишува средно училиште кое трае 3 или 4 години, во зависност од изборот.

Исто така, постои и гимназија или некакво одредено занимање. На факултетите е исто и како кај нас. Се оди 3+2 или 4+2, што исто така зависи од насоката која сте ја запишале.

Јас моментно студирам и 3 дена работам, а 2 дена сум во школо и заработувам околу 900 евра месечно. Во основно и средно школо се’ е бесплатно (освен во приватните школи, каде ги плаќате само книгите, но не и професорите). На факултетите се плаќа и школарина и книги.

Менталитетот и навиките на Французите: тие одат во школи и сакаат да работат, а странците повеќето доаѓаат тука поради социјалната помош. Тие навистина добиваат голем број различни видови на помош, имаат многу деца и едноставно не сакаат да работат.

Можам да речам дека Французите се малку флегматичен народ, но сепак, сакаат да работат, а кога не се на работа, тие многу сакаат да готват бидејќи уживаат во добра храна и добро вино, па затоа и француската кујна е толку позната.

Уште нешто што е интересно кај Французите е тоа што воопшто немаат склоност кон изучување на туѓите јазици. Тешко ќе најдете некој што зборува англиски или германски, а и професорите за странски јазици во школите се многу лоши.

Во фирмата во којашто работам се работи од 6 часот наутро. Французите се познати по големи штајкови, бидејќи штом нешто не им одговара, веднаш се бунат и излегуваат на улица, па цврсто се борат за своите права, Често се случува колапс во сообраќајот, бидејќи возачите на автобуси на пример штрајкувале за некој закон што не им одговара.

Овде борбата за правата на работниците е на прво место. Работното време се состои од строги 8 часа дневно и 1 час пауза (паузата не се плаќа). Платата е редовна иако и овде се случува да налетате на фирми кои доцнат со исплатата. Работничките права се почитуваат бидејќи сите знаат дека во спротивно нема да биде добро, бидејќи работниците ќе се „дигнат на нозе“ и ќе започнат штрајк.

Морам да кажам дека општеството, односно државата, ги штити работниците бидејќи ако плататата не му е исплатена, работникот оди на суд и ја тужи фирмата, а парите му легнуваат на сметка во рекордно време, па државата подоцна си наплаќа од таа фирма.

Фото: Илустрација

Претходна статијаКалиопи: Зошто сум толку среќна? Затоа што штотуку слушнав…
Следна статијаАндријана Јаневска објасни зошто за неа Ѓурѓовден е посебен ден