Една од најпознатите македонски фолкерки, Ирена Спасовска, ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.
Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и провокација.
Како што е познато во 2018 година пејачка имаше турбулентна година на приватен план, кога во месец јули ја прекина 13 годишната врска со новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски.
Веќе неколку пати пишувавме дека македонската фолкерка Ирена Спасовска откако сврте „нов лист“ во животот, реши да „држи до себе“! И тоа во секој поглед.
Од исхрана до линија, од провод до изглед! Ама џабе имиџот, стајлингот и гардеробата, ако најпрвин не ги дотераш изгледот и линијата на телото. Тоа Ирена добро го знае, па затоа реши теретаната да и биде втор дом!
Па пткако ќе се разбуди, ќе го среди домот и обврските околу „двете ќерки“ иако реално има само една, а онаа втората е нејзиното кученце Луна, Ирена за да го доведе своето тело до „совршенство без маана“ – правец теретана!
Потењето е здраво за телото велат, ги исфрла токсините и намалува килограмите… До душа, сите знаат дека најдобро потење е она во парови, ама кога тоа не е возможно или не е доволно, теретаната е најповолно решение!
Таму калориите летаат, а килограмите „не цветаат3, зашто се топат како мраз на сонце! Откако го скрши мразот, Ирена бргу сфати дека вежбањето не само што е здраво и корисно, туку може да биде и добра увертира или што би рекле предигра за главната игра.
Затоа фолкерката на вежбите им се препушти со таква страст, што справата ја третира како партнер. Па откако ќе ја грабне в раце, не знаеш кој кому „му ја вади маста“, ама затоа и звучно се слуша од каде извира страста!
Фолк-пејачката Ирена Спасовска е секогаш актуелна на социјалните мрежи. Неодамна објави фотографија во друштво на ќерка си Тамара. „Тами и мами“ стои во опсиот на фотографијата.
Ирена досега изјавила дека нејзината ќерка е многу музикална, но дека таа нема да ѝ се меша во изборот на професијата туку ќе и даде поддршка што и да одлучи.
Покрај заедничка особина за музикалноста, она што веднаш може да се забележи, е дека Тамара многу личи на мајка си.
Ирена многу често шета и надвор од границите на земјата, па така, пред одреден перио се споделуваа слики од Катар, каде таа уживаше.
Во последната своја објава Ирена Спасовска сподели слика од себе, а локацијата е повторно надвор од нашите граници. Во случајов Турција.
Ирена, малки зацрвенета од сонцето изгледа одлично, а многумина прокоментираа: „Старее ли оваа жена?“