Д-р Лазаров: Нереално е ова со тестовите – ќе имаме циркузи на есен доколку не го смириме летово

0

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 поч инати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Регистрирани се 147 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2

Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1. Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на поч -инати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

Во последните две недели, забележливо е дека се прават многу тестови, а позитивни резултати се многу малку, што е секако добра вест.

Но од друга страна, речиси секојдневно се пријавуваат помеѓу десет и патнаесет, па и повеќе поч инати лица, што претставува сигнал дека сепак, пандемијата не е завршена.

Некои стручни лица велат дека нормално е кривата која го покажува бројот на поч инати да касни во однос на новите позитивни.

Популарниот матичен лекар, со свој коментар за актуелната состојба:

„Бројот на поч -инати укажува на тоа дека доминантно тестови се прават за патување, оттука голем број тестови а малку позитивни. Особено е приметливо околу викенд.

Време е конечно ко матични лекари да можеме ВЕДНАШ да упатуваме на тест за да изолираме навремено, по наше мнение, без алгоротам, срамота е.

Дајте да го смириме летово, пак ли ќе праиме циркузи есеноска, имаме шанса да го безмалку сузбиеме локално, дајте ни можност само.“

Претходна статијаИрена Спасовска повторно „здрма“ на Фејс – старее ли оваа жена? (ФОТО)
Следна статијаЖаклина Жаки: Кај мајка му доле може да се носи „шаком и капом“ – за кај татко ми е проблем