Илина Арсова струга под сама, ја бива и за мајстор (ФОТО)

0

Илина Арсова пред неколку дена на Инстаграм најави, а денес на својот профил на фејсбук ја раскажа целата приказна за нејзината борба со вирусот:

„Пред еден месец добив симптоми на ковид 19, па сакам да го споделам моето искуство, со надеж дека некој нешто ќе научи, а на други пак ќе им помогне во закрепнувањето, кои иако се наоѓаат во иста ситуација, за тоа не се охрабриле да зборуваат.

Најпрво сакам да споделам дека речиси година и пол почитувавме и јавно препорачуваме мерки и само-свесно се заштитувавме од вирусот, задолжително носејќи маски и држејќи дистанца, со и онака мал број на луѓе со кои се сретнуваме. Сепак едно мало невнимание, може да не чини многу скапо.

Од самиот почеток испраќаме пораки како луѓето треба сами да се пријават ако приметат симптоми кај себе си или кај некој што го познаваат, што е главна мерка во спречување на вирусот да се шири.

За жал тоа не е случај во земја со толку ниска свест. Заразените од ковид ниту се тестираа ниту се пријавуваа, мислејќи дека некој ќе ги прогласи за виновни што се заразени. Напротив, виновни се и сносат одговорност ако не постапат според мерките.

Да повториме: со идентификување и изолација на болниот се спречува ширењето на вирусот! Исто како кога детето на школо ќе ви фати вошки, па никој ништо не пријавува се’ додека не ја стават целата училница во карантин.

Е сега да раскажам за мојата приказна. Ме зарази асимптоматски преносител во Охрид, кој дури кога го доби својот позитивен резултат од пцр тест, не ми се јави да ми каже, туку јас од друга страна требаше да разберам.

И покрај тоа што мислев дека се работи за обична настинка, се тестирав штом стигнав назад во Дојран, и по добивање на позитивниот тест веднаш ги контактирав луѓето (вкупно тројца) со кои имав контакт тие денови. За најголема среќа и можеби божја воља вирусот не го бев предала на никој, што ми олесна.

Ми препишаа десет дена изолација. Се чувствував добро, не дигнав температура, не кашлав многу, не се заморував по скали, се’ изгледаше добро освен првите три дена со симптоми на класична настинка (грло, крајници, течење нос и кивање).

Една работа што беше многу интензивна беше психолошкото влијание на вирусот преку изразена депресија, несигурност, себе-обвинување. Дали ви звучи познато?

Додека седев во изолација и ги слушав работници што работат на улицата како киваат и кашлаат, знаев дека сигурно кај барем секој втор од нив се работи за ковид, а не за настинка.

Но дали тие луѓе би можеле да си дозволат по 3-4000 денари за да направат тест, и уште едно чудо пари за додатни испитувања, набавка на витамини и суплементи? Или поедноставно и по евтино, ќе си продолжат со нормалната работа заразувајќи секој ден нови луѓе, од кои за жал многумина и не го преживеаа вирусот.

Она што ми помогна да ја надминам, навидум благата форма на зараза беше: многу течности, многу витамини и суплементи, хомеопатски препарати од мојата мајка Др. Милена Илиевска (лекар и хомеопат) Milena Ilievska-Arsova медитација и јога техники за дишење од мојата драга Theodora Kostovska

Како и да е, каде погрешив? На 14-тиот ден направив тест кој покажа дека сум негативна. Тоа беше непосредно пред Велигденските празниците кога Дојран се наполни со илјадници туристи жедни за пијанчење и прегласен турбо фолк – наша и само наша македонска дефиниција за празнување, на која и јас и мојот мојот сакан сме многу осетливи.

Решивме да отидеме на планина каде исто така може да се празнува, во мир, не задолжителна тивка музика, чист воздух и вистински празник за очите и душата. Некаде на 18-тиот ден од симптомите решив да ја проверам својатафизичка форма и изгледа малку претерав кога во еден ден ги искачив сите врвови на планината Кожув. Е тука почна се!

Мојот нормален пулс кој обично е под 50, а сега и повеќе од месец дена после вирусот, ми се качува на 120 до 150 од една обична прошетка. Да бидам искрена толку ми бил пулсот можеби во најтешките делови при искачувањето на Еверест.

Се посветив на истражувања на оваа тема и гледам дека тоа е случај кај дури 30 % од прележаните од ковид, особено спортисти и активни физички луѓе. Компликациите од post acute covid syndrome може да траат и со месеци, што уште повеќе влијае врз психата на еден, до вчера совршено здрав човек, кој наеднаш е принуден да се соочи и прифати сосема нова реалност.

Затоа драги мои, пазете се и чувајте се! И не плашете се да споделите и зборувате за тоа. Бидејќи со размена на искуства само може да си помогнеме. Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било!

Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?

Ајде ве молам да работиме на ова, да ја искорениме себичноста, неодговорноста и примитивизмот што не влече назад. Прво, бидејќи со тоа може да спасиме нечиј живот, второ еднаш и засекогаш да изградиме вистински трајни вредности во ова општество.“

Поизанто е дека Илина Арсова е девојка за сè. Своите планинарски подвизи, првата македонска која се искачи на Монт Еверест ги опиша во книгата „Планинарење“ која ја објави летово

„Планинараење“ е нејзината прва книга, која е прирачник за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за планинарските спортови. Во оваа книга ќе најдете информации за „Sky running“ и Алпинизмот како сродни активности на планинарењето.

Затоа што е девојка за сè, во неа се вљуби Игор Џамбазов, нашиот најпознат шоумен и актер. „Таа е се што имам. Таа е се што немам. Таа денес полни 38 лета“, вака Игор ја опиша Илина летово на Инстаграм за нејзиниот роденден.

Игор за роденден ѝ подари специјално дизајнирани обетки. Цело лето, парот го помина заедно, прво во Дојран, кој му е втор дом на Игор, па потоа во Западна Македонија на нејзина желба, по планинските места, најмногу во село Јанче, дебарско.

„Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот“ раскажа Џамбазов за „Бексјетџ“.

„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години.

Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот“ – изјави Илина во една прилика за Женски магазин.

Во новата своја објава на социјалните мрежи, Илина покажа дека ја бива и за мајсториски работи минатата година.

„Девојките имаат тенденција да трошат богатство, и а поминуваат безброј часови во салоните за да се направат убави. Во меѓувреме, постојат практични вештини што можете да ги научите и да бидете жена.

Ништо подобро од тоа да бидете способни сами да користите алатки и да санирате работи. Особено ако сте за рециклирање, одржлив начин на живот и родова еднаквост, овој ги опфаќа сите“„ напиша таа.

Во коментари, нејзин пријател се обиде да ја поучи Илина, како да спреми смеса за фугирање, на што доби одговор:

„Знам друже, бев чирак во Швајцарија на 23 години, учев занат“. Се прашуваме каде е Игор додека Илина руши низ дома и дали ѝ помага?

Ама Илина и денеска ја повтори оваа работна акција од лани. Овој пат, таа го стругаше подот на својот балкон. „Работна акција понеделнинички“, напиша таа.

Секоја чест за Илина која иако неодамна објави дека го прележала вирусот, има сила за домашни, и тоа мајсторски работи.

Претходна статијаМојот Вујче не е од Америка, од Италија е, а „гајрет“ што ми го направи ќе му го памтам цел живот
Следна статијаЖивкица пак на плажа, а ја покажа и ќерка си, нормалното е здодевно (ФОТО)