Докторка се иселила во Германија и сега работи во маркет: Не ми е срам

0

Сведоци сме дека во последните неколку години се поголем број медицински кадар, пред се доктори специјалисти, но и медицински сестри се решаваат да го напуштат регионов.

Во надеж за подобар живот, се селат со своите фамилии во европските држави, пред се во Германија. За да се намали овој тренд, надлежните се трудат со подобрување на условите и платите да ги задржат во нашата држава..

Една од државите каде што најмногу се селат медицинските лица е Германија, а од таму ни пристига и една информација кој веруваме ќе ви го привлече вниманието.

-Почитувани, периодов гледам кај нас многу се зборува за медицинскиот кадар. Затоа решив да ви го кажам мојот случај, но притоа сакам мојод идентитет да остане анонимен со оглед на тоа што сите знаеме каков е менталитетот на нашиот народ и коментарите што тие ги даваат.

Пред нешто повеќе од година дена, по работен стаж од над 30 години во јавното здравство и 25 години работа како специјалист интернист, решив да го напуштам и да заминам во Германија.

Ова го планирав неколку години наназад за што посетував и курс за германски јазик на стари години. Причини за заминување имаше многу, но прва и основа беа децата.

Како ќерката, така и синиот решија да живеат и да градат кариера во Германија. Им се родија дечиња, а јас сакав да бидам покрај моите внучиња.

Како втора причина поради која се решив на ваков потег е што бројот на доктори во установата каде што работам се повеќе се намалуваше, а со тоа обемот на работа на мене и на моите колеги што останавме се зголемуваше.

Притисокот за да одговориме на сите барања стануваше се потежок, а притоа очекувано и пациентите губат нерви и трпение. Сакаат да бидат пргледани и згрижени на време, но физички нема како да постигнеме.

Нивниот револт се истураше на нас, а што се вели работевме и повеќе часови и пак никако да се постигне. Во еден момент почувстував дека немам ниту приватност. Ми звонеа пациенти надвор од работно време, бараа совети, прашуваа.

И да, некој ќе рече сум заминала за повеќе пари, но тоа не е точно. И овде пристојно заработував и тоа добра сума, но ви кажав погоре. Блиските, саканите не беа до мене, а веќе го немав и мирот, приватноста.

За тоа се решивме со сопругот да се преселиме во Германија. Секако план ми беше и се уште да работам на струката, за тоа и посетував курс, но во моментов сум на променета професија.

Не се срамам воопшто да кажам дека работам во маркет каде што редам роба и продукти по рафтовите. Платата е задоволителна.

Во исто време паралелно одам на курс за јазик и подготвувам документи, да се вработам како докторка. Значи работа на мојата срука им, но не е се така лесно како што мислите.

Мора да исполните неколку услови, секако пред се да имате одреден степен на познавање на јазикот, а потоа и ред друга бирократија.

Претходна статијаАдријана Алачки ја отвори душата: Ми дава сила а ништо не ми прави, ме држи на нозе во животот
Следна статијаОва комшивкава моја дошла во град, ама селото си останало во неа