Ова комшивкава моја дошла во град, ама селото си останало во неа

0

Есеноска на социјалните мрежи кружеше објава, во која една женска личност бараше број од служба која е одговорна за казнување на граѓани кои прават ајвар на јавен простор.

Истата таа сакала да ги пријави своите соседи кои во дворот си вареле зимница и објавата наиде на бурни реакции од граѓаните. Инспирирана од таа ситуација морав на еден начин да си искажам мое искуство во врска со таквите луѓе, подобро речено нелуѓе.

Имено, веднаш до мојата куќа живее едно големо семејство. Од време си се мирни луѓето, тивки, не се се расправаат и секогаш постоело согласување и помош меѓу нас.

Арно ама, им дојде една снаа по потекло од околните села, што никако не е за потсмев или потценување. Дури си постои некое мислење дека селските деца имаат повеќе почит кон луѓето, потрудољубиви се, секогаш спремни да помогнат.

Некако како да не е случај со комшикава. Таа си се замислува дека дошла од не знам каде, ептен градска жена. Како во нејзиното село да не се работи ништо од земјоделие и сточарство.

За муабет жената е добра, не велам ништо, само не ми се допаѓа тоа што во повеќе наврати знаела да се прецени и започнувала расправија со комшиите за повеќе работи што не и одговараат.

Секогаш дури и на подбив ја тера работата. Како што сме опкружени со комшии од четири страни, така таа секогаш ќе најде некоја  за да и префрла.

Еднаш не и чинело тоа што сме чувале две мачки, не биле потребни немало никаква корист од нив, многу влакна правеле, дури оделе и во нејзиниот двор, а таа демек имала деца па не и било чисто.

Како моиве деца досега да не пораснале иако чуваме барем една мачка уште пред да се родат тие. Нејсе, виде не виде си заќуте за тоа.

Другпат па, му велела на мажот ми, и тоа со подбив, Димче собирај алиштата од жицата, види ги овие запалија фурна арно се задими воздухот ќе се загушиме.

Тој видел дека не е до толку и не и одговорил ништо. Комшикава, скоро 80 годишна е староседелец и уште од време си пече леб во фурната, па никој ништо не и рекол досега. Не се прави толкав дим како што кажува таа, ама мора нешто да се каже.

Сега скоро откако почнавме зимници да правиме ми се побуни мене зошто ќумбето било поставено накај нејзиниот двор децата и биле надвор не било убаво да вдишуваат загаден воздух.

Арно што не не пријави во полиција тогаш. И реков ќе го поместам јас, само ќе те видам тебе кога ќе вариш каде ќе го ставиш твоето. Ех, колку пати ќе се буни зашто сум садела по некој ред пипер и домати во бавчата во дворот, не ми требало се имало во пазарот.

Аха добро, ако има зошто не си купува и таа туку чека нејзините што имаат ниви и овоштарници надвор од градот сè да и донесат? Се фали со туѓ труд, еднаш нема отидено, ама не е таа крива.

Тој што и носи цело време и на кого му наоѓа замерка е крив. Сè си има на готово па уште нашла мене да ми зборува како требало ние и неколкуте дрвца што ги имаме да ги сечеме за да имало повеќе место за тревници и седење.

Жено, гледај си ја твојата работа и твојот двор. Кој не би сакал среден двор, ама нешто мора и да се јаде а знаеме дека домашното е најубаво.

Ако не можам и немам време ниви да садам, тогаш барем колку ми дозволува просторот органска храна ќе си имам од дома. Мислиш кај неа в село не одгледувале бавча или немало фурна за леб, па нашла тука да зборува. Не, на село животни нема, ни мачки, ни кучиња, ни зајци.. па тука и смета, првпат гледа.

Е од такви што се мешаат сегде, не одиме напред. Дури секој не се погледне прво себеси, а после другиот, злобата и завидливоста ќе цвета меѓу нас..

Не ми е намерата да ја оговарам личноста, и кажувам в лице кога има потреба за тоа, само сакам да укажам на тоа со какви луѓе сме опкружени секојдневно, да внимаваме сите но и да не ставаме на ум сè што ќе ни кажат од страна, вели Љупка.

Aвтор: С.С. ФОТО: Илустрација

Не сме да се превзема без дозвола од редакцијата на Галама

Претходна статијаДокторка се иселила во Германија и сега работи во маркет: Не ми е срам
Следна статијаНашата позната пејачка ја згреши химната на Македонија и два дена плаче поради тоа