Познатата пејачка раскажа како за малку ќе го загубела животот

0

Пејачката Гоца Тржан отпатувала со сопругот Раша Новаковиќ, а многумина се сомневаат дека имаат добра причина.

Наводно, Гоца и Раша не се откажуваат од својата желба да станат родители. Имено, Гоца сега се огласила со својот сопруг од Прага, каде што, се претпоставува, отпатувала за да се подложи на ин витро оплодување на една од познатите клиники.

„Среќно, драги наши гулаби, ве сакаме“, „Ако сте тука за она што претпоставувам, со среќа“, „Знам дека ќе успеете сега“.

Ова беа зборовите на поддршка и љубов, под фотографија направена на Стариот градски плоштад, која ја сподели Гоца на нејзиниот профил на Инстаграм.

Да потсетиме, Гоца Тржан уште од самиот почеток отворено зборуваше за ин витро оплодувањето и се обидува да му роди бебе на Раша.

Гоца Тржан вели дека и по пет години брак уште лудо е вљубена во својот сопруг Раша. „Сакам повторно да се омажам за тeбе.

Да ги собереме сите оние весели и позитивни луѓе кои и сега ни го разубавуваат животот и повторно лудо да се забавуваме и да направиме забава за паметење.

И да, уште сум вљубена во тебе, иако те сакам, велат дека тоа не може заедно. А може. Еве веќе со години“, напиша познатата српска пејачка на Инстаграм.

Од првиот брак со Иван, Гоца ја има ќерката Лена која многу личи на својата мајка и веќе е тинејџерка, таа има 13 години.

На роденденот на ќерката, Гоца емотивно раскажа дека кога се пораѓала, за малку ќе го загу-бела животот.

„Не чувствував ниту болка ниту страв што лекарите се успаничија да ми го спасат животот, само гледав во тебе со чувство на припаѓање.

Исто така гледам и денес, со гордост, со љубов, понекогаш со страв дека нешто не правам како што треба“, рече Гоца за Лена.

Иако таа и Раша сакаат да имаат уште деца, за жал здравствената состојба на Тржан ги спречува во тоа. Гоца изјави дека нејзината болест не ѝ дава повторно да стане мајка.

„Имам шеќер поради нередовната исхрана и неуредниот начин на живот. Пред неколку години добив диј-абетес и држев диета.

Во последниве месеци многу ослабев, не јадам шеќер и леб поради хормоналниот статус, и затоа сум многу нервозна.

Ако не ги исфрлев тие намирници, ми се закануваше дијабетес од типот 2. Затоа, Рашо и јас не моженме да имаме деца, а тоа ни е голема желба. Се надевам дека еден ден Господ ќе ни ја исполни“, изјави пејачката за „Блиц“.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЗаработи многу пари и му стана конкуренција на Пандев – нашиот познат фудбалер се поднови
Следна статијаБилјана од Скопје раскажа како од пејачка која полнеше сали, станала уличен музичар