Новото нормално во Германија – еве за каде треба тест „влезница“ за влегување

0

Состојбата со пандемискиот вирус, кој е актуелен повеќе од една година е со променлив карактер. Кривата периодично се движи нагоре и надолу и досега се регистрирани три поголеми бранови кај нас, но и во поголемиот дел од Европа и Светот.

Со почетокот на имунизацијата од месец декември минатата година, се појави зрак надеж дека состојбата че се смири и ќе се врати животот во нормала како претходно.

Сепак, голем број земји, па и оние поразвиените, се соочуваат со недостаток на дози, нешто што полека се нормализира и сè поголем број луѓе се имунизираат. Но со оглед на тоа што процесот ќе се пролонгира, многу земји се приспособуваат на моменталната ситуација и превземаат мерки за заштита.

Во таа насока, се споменуваат ковид пасоши, со кои би се влегувало непречено во трговски центри, би се поминувале граници без тест и.т.н. До прецизирање на правилата и до донесување на некаква таква официјална мерка, се оди со негативен ПЦР тест, нешто што во некои делови од Германија се применува дури и за влегување во продавници, но и кај други трговци кои пружаат услужни дејности.

Дојче Веле пишува за слика од саботата, во отворена шопинг зона на северозападот од главниот град на Германија. На едната страна од улицата е живо. Во големиот супермаркет голем број купувачи непречено влегуваат и излегуваат без никакви задршки.

Задолжително е само носење медицинска или ФФП2 маска. На другата страна од улицата само неколку луѓе чекаат во ред за да влезат во огромна продавница за мебел.

Тројца редари проверуваат дали тие имаат актуелен негативен корона-тест од официјално признаен центар за тестирање. Доколку имаат, ги упатуваат до пултовите каде треба да пополнат формулари и да се регистрираат за шопингот.

Голем број купувачи мора да бидат одбиени на влез, бидејќи не се тестирани. Тоа предизвикува фру страција.

„Тотална глупост е овде да ми бараат тест, а отспротива во преполниот супермаркет не”, нервозно коментира една жена. Редарот само немоќно ги крева рамената. Вели не ги измислил тој правилата и покажува на големата табла на која стои насока до најблискиот корона-тест центар. Сепак, тој е оддалечен неколку километри одовде.

Негативен тест како „влезница“ за купување, но и за на фризер и слични услужни дејности повеќе од две недели е задолжителен во Берлин. Ова правило беше воведено откако бројот на новозаразени во главниот град, седум дена последователно ја надмина границата од 100 на 100.000 жители.

Всушност Берлин тогаш требаше да ги укине сите олабавувања на мерките од 8 март. Така се договорија покраинските премиери и канцеларката на почетокот на март.

Канцеларката Меркел реагираше луто на одлуката на берлинците. „Не знам дали тестирање и шопинг, како што се вели сега во Берлин, е вистинскиот одговор“, критикуваше канцеларката во едно интервју.

Но, тоа не ги спречи останатите покраини исто така да го применат моделот на шопинг со тестови. Во меѓувреме тој важи во Мекленбург Предна Померанија, Хамбург, Саксонија, Сар и Баварија.

Подготовките за оваа мерка се во тек во Долна Саксонија, Саксонија Анхалт и Тирингија, додека во Северна Рајна Вестфалија на локално ниво се одлучува дали ќе се примени овој модел.

Ова, пак, понекогаш води до апсурдни ситуации во оваа покраина. Во градот Ахен, на пример, на фризер може да се оди и без тест, но во 65 километри оддалечениот Келн ви треба негативен тест, или пак можете да направите брз тест директно во фризерницата.

Триесет километри потаму, во Бон, ова не е доволно – таму за на фризер мора да приложите негативен тест од официјален тест-центар.

Прометот кај фризерите и во некои продавници е опаднат како последица на оваа регулатива. „Го рат телефоните во нашето советувалиште. Голем број фризери се жалат дека муштериите ги откажуваат термините поради задолжителното тестирање“, вели Хјалмар Штеман, претседател на здружението на занаетчии во Хамбург.

„Вака е подобро повторно да нѐ затворат и да нѐ испратат на принуден одмор“, негодува една фризерка во Берлин. Нејзиниот дуќан се наоѓа на една голема шопинг-улица во населбата Шарлотенбург.

Веднаш до неа има продавница за порцелан, украси за дома и подароци – и таа зјае празна. „Ние живееме од случајните минувачи и спонтани купувачи,” вели продавачката и додава: „Правилото за тестирање едноставно не функционира за нас“.

Според последната анкета на Германското здружение на ситни трговци, прометот во продавниците во кои смеат да влегуваат само муштерии со негативен тест е опаднат за 62% во споредба со времињата пред пандемијата. „Политичарите интервенираат на погрешни места“, критикува сопственикот на продавницата Штефан Гент.

Претходна статијаВладимир: Чекам ред во маркет, влага еден дечко и на касиерката и вели нешто што ретко кој го прави
Следна статијаСо женчето мое бевме договорени да му ги земеме парите на стариот од Швајцарија – таа ме изигра и избега кај дедото