Фолк пејачката Јованка Житарова за крајот на бракот: Добро е што постои развод, можам да поднесам многу работи

0

Јованка Житарова е една од најзгодните пејачки на нашата фолк сцена.

Таа има интересна и возбудлива животна приказна.

Житарова реши да се омажи и да се пресели во далечната и студена Алјаска. Таа во меѓувреме се оствари како мајка, роди две деца и се откажа од својата кариера.

Но, во меѓувреме, таа се разведе од сопругот и реши да се врати во нашата земја, односно скоро две години заедно со своите деца живее во Скопје.

Минатата есен, таа го промовираше видеото за темата „Биди сама своја среќа“ кое што има близу 400.000 прегледи на Јутјуб што е голем успех за еден македонски изведувач.

Јова на музичката сцена токму со овој рефрен се врати после пауза од 10 години, а за време на истата се реализираше во улога на мајка, односно ги роди близнаците Зои и Картер за кои во повеќе наврати досега има истаканто дека се нејзино „СЕ“ во животот.

Житарова минатата година во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше дали зажалила за таа одлука, преселбата на Алјаска.

Во рамките на гостувањето откри детали поврзани со нејзината кариера, но и приватниот живот. Ги откри причиите за разводот со сопругот, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и борбата за нејзините деца.

-Не, за ништо во животот не сум зажалила, и не се каам за ништо во животот, па ни за тоа.

Приоритет имаат децата, се остварив како сопруга прво, па мајка, на двете близначиња, Зои и Картер, така да не сум зажалила.

За се има време во животот, сега на кариерата малце да се посветиме. За причините за разводот не сакам многу да зборувам, значи добро е што постои развод.

И ако е тоа единствената ситуација која може да се направи, ете, ниту сум прва, ниту сум последна. Важно е да се среќни децата, и покрај тоа што се на разведени родителите.

И покрај тоа што сум се развела од поранешниот сопруг Роберт, и понатаму си останавме во добра комуникација, сепак нели имаме две мали дечиња, кои треба да ги изведеме на еден нормален пат“, изјави таа и потоа зборуваше за синот и за ќерката.

-Можам да кажам дека 360 степени ми го променија животот, на подобро, секако. Сега сум многу позрела личност, имам поголема самодоверба од порано“, рече Јованка додека ја совлада емоции и пушти солза.

Таа рече дека сака да ги научи децата на дисциплина, и за некои тоа може да изгледа како строгост.

– Меѓутоа, некои пријатели и моите родители ми велат дека многу им попуштам, но сепак гледам да има некој баланс помеѓу таа дисциплина и попустливост“, рече Јованка која сега работи под уметничкото име Јова.

Јованка, која во новата песна порача: Биди сама своја среќа-, често објавува среќни фотографии на Инстаграм како ужива во Охрид, на кафе со пријатели… Во една прилика, на Инста таа порача:

-Можам да заборавам да понесам многу работи со себе, но насмевката и да сакам не би можела да ја заборавам бидејки е двигател во мојот живот кое ми доаѓа искрено и никогаш исфорсирано од дното на моето срце и душа.

– Немаш причини да гледаш назад во минатото кога имаш премногу причини на гледаш напред кон иднината“, рече Јованка во една своја друга објава.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВтората е за уживање, бидејќи првата пере гаќи и чорапи, готви, раѓа и одгледува деца
Следна статијаВодителката откри лична приказна: Ме зедоа како на филм, двајца мажи со палта и капи – Сузана Манчиќ, дојди со нас