Втората е за уживање, бидејќи првата пере гаќи и чорапи, готви, раѓа и одгледува деца

0

Онаа втората никому ништо не му гарантира. Втората само го дава своето време и уште некои ситници кои за неа значат задоволство. Истото тоа и го зема назад. Ни помалку, ни повеќе.

Ееее, таа озлогласена ВТОРА. Бидејќи низ животот научила дека онаа што е прва – е јамка за кредит, пере гаќи и чорапи, раѓа и одгледува деца, готви и оди таму каде не и се оди, ама мора со ист жар, си мисли дека мора – она што не мора, се изложува на погледи и проценки, позира за фејс кога е на годишен, очекува подарок за роденден, Валентајн, 8.март, годишница, купува подароци за родендени и годишници…

Сето тоа втората не мора да го прави. И не треба. И не го прави. И не очекува и не се очекува од неа тоа да го прави.

Втората само ужива кога ќе и се посака. Без подготовки, фотографирање, изложување на погледи… Не е пребирлива, не го сака толку често и долго.

Втората никому ништо не му гарантира. Втората само дава дел од своето време и уште некои ситници кои задоволство значат. Истото тоа и го зема. Ни помалку, ни повеќе.

Втората не прашува. Втората не бара одговори. И втората не одговара. Втората не ја интересира каде е, со кој е, зошто е. И зошто не е. Втората си гледа за себе и како себеси да си удоволи.

Втората никого не го загрозува, не му се меша, не ја интересираат туѓите животи. Не ја интересираат туѓите избори и туѓите маки, бидејќи си направиле такви избори.

Не е втората психијатар, па да слуша туѓи сра*а. И да е, не работи после работно време. Втората е тајна. За втората знаат само ѕидовите и чаршавите. Нејзините и хотелските.

Втората не е запишана во телефонски именик, бидејќи не сака да се изложува на ризик од првата. Првата знае да биде опасна ако ја открие втората, често знае да биде опасна токму по втората, а не по него без кој би ја немало ни втората.

Честопати втората ја има подолго во животот од првата, што само по себе не мора да значи ништо. Некогаш втората и првата работат заедно.

Некогаш се сосетки, а некогаш куми. Некогаш првата ја фризира втората. Или втората ја фризира првата. Втората секогаш знае на што е.

Втората не се надева, не гаи илузии, не мечтае. Втората живее поопуштено од него. Бидејќи втората никого не лаже.

Пардон, втората не премолчува никому ништо. Хихихи! Втората не те залажува. Втората не се расправа. Бидејќи нема за што да се расправа. Нема причина.

Не мора да реди коцкички за да се забавува. На втората и е полесно отколку на него. Втората не ја интересира првата, бидејќи е прва. Втората не сака да биде на местото од првата.

Ниту на оваа прва, ниту на некоја друга прва. Втората никогаш нема да направи првата да дознае за неа. Ако се случи такво нешто, одговорен е исклучиво тој.

Постоењето на првата и гарантира на втората сè што ја интересира. Втората секогаш себеси си е прва. Втората не му е само нему втора. Втората никогаш нема да биде прва.

Ниту нему, ниту на било кој друг. Бидејќи не сака тоа да биде. Не и се сака. Знае дека не мора. И се може. Втората секогаш знае дека е втора. Првата секогаш си мисли дека е прва…хихихи.

И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаЕј ало, освестете се сите по ред – статус кој точно ја отсликува нашата реалност
Следна статијаФолк пејачката Јованка Житарова за крајот на бракот: Добро е што постои развод, можам да поднесам многу работи