Сашо Тасевски, Тодор Петров и Ина Многуфина распалија по МРТ: Да му се забрани на Гарванлиев да оди на Евровизија

0

Откако беше промовирана Евровизиската песна „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, не стивнуваат реакциите од многу познати личности, како и од луѓето кои коментираат на социјалните мрежи.

Во едно интервју за еврвовиски портал, откако новинарот го прашува Васил: Дали си државјанина на Северна Република Македонија, тој вели да: Но, и на Бугарија.

Така Гарванлиев објаснува дека има и бугарско државјанство, но раскажува и дека баба му е со бугарско потелко, а неговиот роден град Струмица е блиску до Бугарија.

Многумина му замерија на Васил за оваа изјава и се појавија лавина од коментари на Фејсбук. Се напрфави и петиција чија цел е да му се забрани на Васил да ја претставува Македонија на Евровизија.

Петицијата ја испоментира актерот Сашо Тасевски на Фејсбук:

„Потпишуваме петиција да му се забрани на Бугарот Гарванлиев да ја претставува Македонија на Евровизија. СТОП за пробугарската пропаганда во Македонија. Едноставно е потпишувањето“, напиша тој.

Политичарот Тодор Петров, во групата Патриотски македонски форум ја сподели следнава објава:

МРТ МОРА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ГАРВАНЛИЕВ ЗА ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОВИЗИЈАТА 2021!

После она со боите на бугарското знаме на евровизискиот спот и изјавата дека има бугарско државјанство, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара Македонската радио и телевизија веднаш и безусловно да го повлече Васил Гарванлиев за претставник на Македонија на Евровизија 2021, а доколку нема време за избор на друг претставник и песна, да го откаже учеството!

СМК смета дека учеството на Македонија на Евровизија 2021 со претставник кој е странски државјанин, во случајов бугарски државјанин бидејќи “баба му била Бугарка“ е срам за нацијата и претставува повреда на угледот на Република Македонија и излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците!

Македонија има премногу реномирани интерпретатори/ки кои се гордост на младите и нацијата да не можат да ја претставуваат татковината на Евровизија 2021, за таму место некој од нив да биде странски државјанин! СМК за несериозно го смета објаснувањето од Националната галерија во Даут-пашиниот амам, за злоупотребата на делото на Жанета Вангели во евровизискиот спот на Васил Гарванлиев.

За волја на вистината, никогаш ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано!“, објаснува Петров.

Гарванлиев досега се огласи само по повод боите на бугарското знаме во спотот за песната, но не и за изјавата за бугарскиот пасош. Тој на својот официјален Фејсбук профил напиша:

– Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели.

Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години.

За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него.

Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане. Ве сакам, Васил.

Свое мислење на Фејсбук околку ситуацијата со Васил и Евровизија даде Ина Многуфина.

– На Евровизија традиционално праќаме песни кои се памтат 3 минути и скандали кои се памтат повеќе од песните. Постои екипа од МРТВ која работи на овој наш успех, која ја прошетавме сегде каде што требаше и која од година во година се надминува со скандалите околу претставниците.

Нашиот овогодишен претставник требаше да настапи лани, ама лани немаше Евровизија па ќе настапи годинава поточно не може Евровизија толку да се откажува колку што ние можеме да го пратиме пејачот за кого гордо знаеме дека испеал детска песничка.

Екипата имаше 2 (со букви: две) години да предвиди дали нешто може да е скандалозно и да поработи на тоа.

Можеше да ги прегледа сите изјави на нашиот претставник и да купи некој ПР кој ќе поработи на неговите изјави, кој ќе знае како да комуницира или да му направат на човекот некаков подобар публицитет, ако е возможно. Имал кариера во странство и ја пеел Марионка.

Жити се, дај линк до кариерата ако може. Ама ок, сте решиле да биде тој, ќе одите со народни пари, ќе ја претставите Македонија, недела дена влагате од скандал во скандал, не може другари да немате изјава за новинари ни екипата ни пејачот.

Не може да немате став, кризен ПР, коментар, изјава или нешто барем било што по однос на скандалите. Може, ако е приватна манифестација ама кога е со народни пари не може.

Организаторот мора да комуницира со новинарите, не е организаторот над ситуацијата. Не разбирам како упорно Евровизија ја посетуваме со скандали и никој нема одговорност“, вели таа во објавата.

Утрово, Васил Гарванлиев сними видео во кое објасни околу бугарскиот пасош и околу коментарите за него како пејач и неговата песна:

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЗуица Лазова раскажа како со Наум Петрески се грижат за децата и како живеат во овие времиња
Следна статијаМи се јавува во 3 наутро да ме слушне од болница: Сопругата на Тозовац загрижена за здравјето на пејачот