Многумина се фалат од животот во екс ЈУ, но еве каде завршила Јованка поради еден виц

0

Многумина денес со носталгија се потсетуваат на времето некогаш, кога се живееше во заедничката држава, Југославија. Во социјализмот, постоеше средна класа, јазот помеѓу богатите и сиромашните беше многу помал.

Секој можеше да си дозволи да оди на одмор, да земе кредит и да купи автомобил или стан. Платите не касне, најчесто се добиваа на 1. во месецот, здравственото осигурување речиси секој го имаше.

Но секако, имаше и бројни негативности во комунизмот. Тоа пред сè се однесуваше на затвореноста на државите (со Југославија тоа и не беше така), но и со контролата на однесувањето и зборувањето. Секоја гршка скапо се плаќаше.

Поради една шега, Јованка Жени Лебл поминала низ прав пе-кол.

За Јосип Броз напишани се безброј песни, а една од најпознатите, “Друже Тито, љубичице бела”, младата новинарка Жени Лебл ја чинела 2,5 години ро бија на Гол оток, каде завршила кога имала само 22 години.

Во тоа време за Жени Лебл, Белграѓанката со еврејско потекло не се знаело многу, ниту смеело да се пишува за страшниот период кој таа го поминала на Голи оток.

Еден од текстовите за неа во 2013 година го објави Политика, редакцијата во која и самата таа работела додека не ја уапсиле поради виц за Јосип Броз Тито кој едно утро го прераскажала на работа.

“Еднаш еден колега и раскажал шега за тоа како Југославија победила на меѓународниот натпревар за цвеќе, – затоа што имала љубичица од 100 килограми, алудирајќи на песната “Друже Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела”.

Откако го раскажала вицот во редакцијата, по Жени Лебл дошле двајца удбаши, бидејќи говорела против Тито и не го пријавила народниот непријател од кој го слушнала спорниот виц.

Била одведена во затвор УДБ Главњача, потоа во логорот Рамски рит, па во Забел, Гргур и Голи оток. Во пет затвори, каде од април 1949. до октомври 1951, од неа барале да го промени мислењето и да ја признае вината. Потоа била испишана и од Здружението на новинари.

После распадот на Југославија, Жени објавила книга на која и дала наслов “Љубичица бела”, а која во Израл, каде живееле се до нејзината смрт во 2009 година, станала бестселер.

Во неа таа опишала стра-шни искуства од логорот, а многумина дотогаш воопшто не знаеле дека таму има и жени.

“Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни бевме до лу-дило.”

“Девојките се претвораа во старици, им отпаѓаа забите, се разболуваа додека им стигаа вести дека од нив се одрекле децата, мајките и мажите, бидејќи станале народни непријатели”, напишала таа.

Претходна статијаМиа Костова: Сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево
Следна статијаПознатите иронично коментираат за Васил Гарванлиев: Заради тоа што бил предобар и пребаран во Торонто решил да се врати во Македонија