Новата ѕевзда на „Звезде гранда“, вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот.
„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа неодамна во емисијата „Магазин“ на Сител.
Откако се појави на „Звезде гранда“ во Белград, таа го фрли жирито во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат.
Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”.
Мими во емисијата ан „Сител“ рече дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.
– Тие ми се голема поддршка, сакам да се искрени со мене, што и да има лошо да ми кажат“, рече Мими за пријателите. Потоа за Мими зборуваше нејзината пријателка Марија.
– Покрај толкава гламурозна сцена, Мими си е истата останата. Искрено, со толкава поддршка од близките Мими е стасана каде што е.
Во слободно време заедно ги читаме пораките од обожавателите и а одговараме“, изјави другарка на Мими за неа.
Другарката потоа раскажа за големото изненадувањето коешто таа и пријателите ѝ го подготвиле, а Мими била во голем ш -ок, но позитивен.
– Мајка ѝ и нејзиното братче живеат во Шведска и повеќето од времето се разделени отколку што се заедно.
И договоривме мајка ѝ да дојде без таа да знае. Ѝ викам: Мими, може ли да се видиме на кратко?
А таа ми вели: Морам да одам во Велес. А мајка ѝ беше веќе пристигната. Ѝ реков, Мими, врати се, многу ми требаш.
Се врати, и со ова можам да кажам дека е вистинска другарка.
Ѝ приредивме големо изненадување, и не знаеше каде се наоѓа“, рече нејзината добра пријателка Марија, и ја праша Мими дали е спремна за уште едно изненадување.
На ова Мими одговори: „За мене тоа беше навистина голем ш ок. Не знаев каде се наоѓам.
Се немав видено со мајка ми долго време, повеќе од една година, и кога се појави позади мене…“. Пејачката од преголема возбуда не успеја да ја заврши реченицата.
Потоа зборуваше дека со својата мајка има близок и пријателски однос. Спомена дека мајка ѝ ја пријавила на „Звезде Гранда“, а таа не ни знаела и се изненадила кога ѝ се јавиле, но сепак знаела дека мајка ѝ стои зад ова.
За Ммс.мк, Мими откри што се случува зад сцената за „Звезде гранда“ и раскажа какви се членовите на жири комисијата според неа. Мими на свој начин на опиша Јелена Карлеуша.
– Јелена Карлеуша е големо музичко име. Јас не сум имала прилика да ја запознаам позади сцена.
Но, она што го знам од нејзините кандидати е дека таа е голема спротивност од она што е пред камера. Што значи дека е пријатна и секогаш тука за нејзините кандидати.
Кога јас би имала можност да бирам меѓу Марија или Карлеуша, повеќе би се пронашла во енергичноста на Марија Шерифовиќ.
Покрај Џенан омилена ми е Ана Бекута. Не се плашам од нивните коментари, искрено се плашам од коментарите на мајка ми“, рече Мими за ММС.
Таа, иако не сака многу да зборува за љубовниот живот, откри дека голема поддршка ѝ е нејзиниот дечко, Филип од групата „Браќа Нуне“.
Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин