Со неподвижен син и со болен маж, живееме во една соба, ми ја укинаа туѓата нега: Виолета од село Ерџелија моли за помош

0

Емисијата „Срце на дланка“ на Алфа Тв која раскажува тажни, но вистините човечки приказни, во новата емисија раскажа сторија за едно македонско семејство, во кое во една година се разболеле и таткото и синот, а товарот од таа судбина го носи мајката.

Екипата на емисијата чиј автор и водител е Оливера Петрушевска, отпатува во селото Ерџелија во Овче Поле за да ја слушне тажната приказна на едно македонско семејство и да ги повика народот и инстутуциите да им помогнат.

Виолета Давидкова има 46 години, и млада се има омажено, на само 16 години, а пред тоа живеела среќен и безгрижен живот во куќата на своите родители.

Единствените среќни моменти во нејзиниот живот се децата кои ги родила, првото на 17, а второто на 19 години. Виолета раскажа дека потекнува од Крива Паланка, и имала многу убав живот како девојка.

Потоа, кај сестра ѝ од Пробиштип го запознала сопругот. На 16 години, таа избегала за него, а на 17 го родила првото дете, Стојан. Виолета со солзи во очите раскажува:

– Да, тој беше здраво, право дете, од тоа дете и леб сум чекала, не сум имала јадење, ни сега немам, пиење, ни сега немам.

Татко му падна болен, немаше ништо, ни нега ни социјална помош тогаш немаше. Имам уште едно дете, девојче, тоа ми е мажено. 24 години има, Стојан е 26, две години се разлика “, раскажа Виолета.

Ќерката била принудена да бара работа уште како многу млада за да му помогне на своето семејство.

– И тоа што не ни беше покриена куќата, и тоа што не беше ѕидано, колку можеа со зет ми, тоа се ми донесоа, но сега ни тие веќе не можат да доаѓаат“, откри Виолета.

До 2012 година, семејството колку-толку живеело подобро. Но, откако мажот на Виолета добил два мозочни удари, Виолета не претпоставувала дека поголема болка од тоа столбот на куќата да падне болен е своето дете да си го гледаш болно.

-Во 2012 година маж ми доби два мозочни удари и падна болен, а детето ми завршуваше средно. И за кратко време, и дететео ми падна.

Пред тоа, детето ми работеше, маж ми не беше повеќе способен. Тој и сега не е способен, од него сум чекала леб.

Одеше, товараше цевки, наводнуваше ниви, носеше пари и јадење ни носеше дома. Исто и девојчето. Откако се разболе татко ѝ, на девојчето се му се обрна наопаку.

Девојчето виде дека тука нема живот, и бараше работа преку огласи, најде работа во Скопје, и така девојчето таму си остана.

Ќерката ми беше на операција, слезенката ја оперираше, сама таму, нема мајка, нема татко, нема брат, нема никој“, рече Виолета која не можела да ги остави сопругот и синот кои биле неподвижни за да ѝ помогне на ќерката.

Виолета вели дека синот, од здраво-право дете во 2014 година паднал болен, и не можеле да му пронајдат дијагноза. „На детето му го укинаа здравственото осигурување“, се жали мајката.

– Не можат да пронајдат дијагноза. Детето во нозете е фатено, рацете му се искривени, и многу е слабо.

Лекарства што му ги препишуваа се дија-зепам, бруф-ен за болки и асп-ирин. И ден- деенс ги пие. Детето збори, ама од толку болки веќе и не може.

Тогаш кога ми падна, рече дека се го боли: Нозете мамо, нозете! А јас не можам да му помогнам“, раскажа Виолета.

Таа сама оди да бере дрва, се бори да им донесе храна на сопруот и на синот, иако често остануваат и без неа. „Кога ќе излезам од дома и кога ќе се вратам, маж ми плаче- зошто толку сум се забавила.

А јас одам, сама сечам дрва, какви ќе најдам и ги носам дома. Барав од социјалното да ми дадат дрва, велат дека не даваат“, се зборовите на Виолета.

„Многу често знаеме да останеме без леб. Имам една комшика. Многу убаво живеам со неа, таа ми помага. И јас сум болна, како што падна маж ми, ми отекуваат рацете, нозете, ми се грчат пристите.

Перам на раце. Вода до скоро немаше, само тоа што ми помогнале. 20 години оваа куќа немаше струја, и јас сама одев, се снаоѓав.“

Нејзината куќа и сега е темна, и Виолета вели дека станала многу нервозна и апчиња не ѝ помагаат. „Стравувам дека веќе не можам. Им кажувам дека ќе бегам или ќе се уте-пам. Дека веќе не можа да изджам. Детето ми вика: Мамо, немој мене да ме оставиш“.

– Имав социјална помош 10.000, и 3.000 за детето за нега, и за мажот туѓа нега 4.000. На детето ми ја скинаа негата. И туѓата нега за маж ми ја скинаа, и сега зимам 10.000.

Купувам брашно, лекови, по нешто храна колку што има, детето ми бара сокови, благи работи, плачат, ама нема“, раскажа Виолета.

Таа има само две желби, да ѝ оздрави синот и да си ја поправи куќата, затоа што не можат веќе сите да живеат во една соба.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаМими од „Звезде Гранда“ вистински ја опиша Јелена Карлеуша каква е
Следна статијаИзникнав како Феникс од пепелта: Пејачката Јулија ја отвори душата