Јордан Митев кажа како тој ја разбира „Прочка“: Грешката може да се повтори, затоа мора да има вистинско покајание

0

Јордан Митев е еден од нашите најуспешни фолк пејачи. Тој со успех опстојува на македонската сцена долги години. Како автор досега има напишано голем број композиции, а некои од нив се наградувани во Македонија.

Фото: Јутјуб принтскрин

-За овие 15 години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.

Фото: Јутјуб принтскрин

Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.

Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален.

Фото: Јутјуб принтскрин

Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам, изјави во една прилика Митев.

Тој на својот профил проговори за дуетот кој го има снимено со Анета Молика:

Фото: Јутјуб принтскрин

-Почитувани фанови, пред да почнам со работа на нови проекти сакам за вас и за сите љубители на добрата песна да биде достапно за слушање и гледање уште едно мое дело кои беше сработено пред точно 10 години и кое истото по брзиот полет кон височините од страна на недобронамрени луѓе беше уништено.

Фото: Јутјуб принтскрин

Правев многу обиди за да ја спасам оваа песна но првата изведба и првиот оригинал секогаш останува запаметен. Сакам да напоменам дека тогаш песната не беше повлечена по моја воља и мое барање како автор и изведувач на истата!

Фото: Јутјуб принтскрин

Тогаш по неколку месеца од објавата на песната бев обвинет од страна на одредени квази музичари дека оваа песна е копија на друга македонска песна.

Фото: Јутјуб принтскрин

Остварив контакт со човекот со кого ја споредуваа мојата песна и иако приватно ми призна дека неговата песна нема никаква врска со мојата сепак јавно не ме поддржа.

Фото: Јутјуб принтскрин

И ден денес тврдам дека оваа песна, овој дует е 100% оригинален и е една од најквалитетните песни-дуети направени во последните 10 па и повеќе години во македонската новосоздадена фолк музика.

Фото: Јутјуб принтскрин

Нема да дозволам нашиот македонски синдром на самоуништување да ја уништи и оваа песна, иако беспотрено тогаш се фрли голема црна дамка на овој проект и на мене како личност. Се е простено.

Фото: Јутјуб принтскрин

Доколку некој мисли спротивно спреман сум тоа да го одбранам и докажам каде сакаат и како сакаат. Поради тоа, песната заслужува да живее и да се слуша, впрочем тоа го бараа и многу мои фанови сите овие години.

Фото: Јутјуб принтскрин

За професионалните квалитети на почитуваната гостинка на овој проект Анета Мицевска, нема што да се каже освен еден од најдобрите вокали на Балканот.

Фото: Јутјуб принтскрин

За такви вокали како неа треба вакви оригинални моќни песни. Летај песно, таму каде што ти е местото! МОЈА ЅВЕЗДА ВОДИЛКА!

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој во неделата на Прочка, напиша дека треба да се простува, но и што според него треба да се прави, за грешките да не се повторуваат:

Фото: Јутјуб принтскрин

„Доколку има вистинско и од срце покајаније, треба да биде простено и заборавено. Доколку нема покајание, пак треба да биде простено, но не и заборавено бидејќи грешката може да биде пак направена.

Фото: Јутјуб принтскрин

Како и да е простете, за другите, но и заради себе, за да си го ослободите срцето и душата. Не и е лесно на луѓето што живеат со гнев и омраза.

Фото: Јутјуб принтскрин

Затоа да се трудиме да бидеме што по добри и по позитивни, и наздравете за љубов, за среќа, за секој ден, зошто животот е еден и тој не е вреден ако не го живееш.Наздравје и за многу години!“

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаТања Савиќ ја добива битката за децата: Ми се остварија молитвите
Следна статијаКаролина, Тоше и Андријана како помлади: Спомени од едно време кога другарството беше најважно (ФОТО)