Ѓоко Ѓорчев раскажа како работел во фабрика и како Пепи Бафтировски му помогнал во животот

0

Познатиот пејач Ѓоко Ѓорчев или македонскиот Том Џонс како што го викаат многумина, зборуваше за својата кариера и за својот приватен живот во емисијата „Магазин“ на Сител.

Ѓорчев зборуваше и за спомените на Зафир Хаџиманов, и за своите убави спомени за него.

-Го знаев Зафир многу добро, сме пееле на некои настани, забави. Многу ми е жал што тој човек веќе го нема, сепак остави трага во македонската музика. Остави гоеми песни, голем траг“, рече Ѓорчев.

-Мислам дека само што сум се родил, мојата мајка велеше, толку многу врескаше кога се роди, вакво врескање не сум слушнал, ѝ рекол и татко ми на мајка ми“, рече Ѓорчев за своето рано детство во Кавадарци.

Потоа, раскажа како неговиот талент го открива познатата хрватска пејачка Дорис Драговиќ која имала турнеја низ Македонија и една недела останала во Неготино, во хотелот „Парк“.

Тогаш Ѓорчев работел во фабрика и пеел само аматерски.

-Дорис Драговиќ дојде во Неготивно да прави концерт, таа беше една згодна жена во подем. Остана во Неготиво да биде една недела во хотел „Парк“. Јас тогаш работев во фабриката за кабли.

Таа рече: Сакам да ја видам таа фабрика, и дојде со бендот, јас ги прошетав низ фабриката и имавме ручек, убава дружба. Јас ѝ кажав дека пеам аматерски. Таа се насмевна.

Потоа ме поканија во хотелот да се дружиме. Ѝ викам: Сакам да ти отпеам нешто. А таа ме праша: Можеш ли ти да се најдеш?

Ѝ ја отпеав „Шпански очи“, една многу тешка песна. Она ме слушна и ми вика на мене: Ѓоле, да ти кажам нешто, да ме послушаш. Немој случајно да не правиш кариера! Која боја, кој глас!

Кога ти ова вака го отпеа , немој да не правиш кариера. Јас ја послушав, но сепак помина доста време.

А тука е најмногу „крив“ Нино Величковски, и Пепи Бафтировски. Јас тогаш имав една пицерија во Неготино.

Тој, Петранка Костадинова, Пепи Бафтировски, Вики Среброва ми доаѓаа во тој мој ресторан што го отворив и ми викаа дека треба да пеам.

Еден ден беше Нино, беше и Пепи. Ми рекоа: Слушнавме дека пееш, туку, дај испеј ни нешто. Откако им испеав, Нино ми вика мене:

Што се шегуваш со нас, па ти пееш поубаво од нас. И веднаш му се јавува на Григор Копров, и му вика: Имаш едно момче во Неготино, да видиш тоа момче како пее. Отидов кај Копров, и јас само му пеев една стофа.

И тој ми вика: Да ја заборавиш пицеријата, твојата работа е Григор Коров и никој друг. И ме прати на фестивал во Будва, со најголемите ѕвезди јас таму, освоив награда за интерпретација“, рече Ѓоко.

Потоа тој раскажа дека напишал песна за својата сопруга Благородна која ја викаат Ноки, а се вика: Ноки љубов моја. Ѓоко искоментира и како се чувствува и поради состојбата со пандемијата и даде своја прогноза кога ќе заврши.

-Да ви кажам право малку сум тажен, а и бесен сум. Не е лесно кога гледате дека губите пријатели од музиката, со коишто до вчера сме пееле заедно.

Психичкиот товар е могу голем, јас многу тешко го преживувам ова. Јас верувам ви Бог и верувам дека сè ќе си дојде на свое место.

Нема да биде тоа за кратко, но верувам во него и во медицината, верувам дека ќе се вратиме за кратко време за таа некоја нормала“, рече Ѓоко Ѓорчев.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСе јави пејачот Зоран Ванев од Швајцарија и упати порака и апел до сите Македонци
Следна статијаМе спасија да бидам денеска жива и здрава: Емотивно обраќање на Биба Додева