Ме спасија да бидам денеска жива и здрава: Емотивно обраќање на Биба Додева

0

Биба Додева е една од пејачките со најдобар глас на нашата музичка сцена, и претседател на здружението „Борка“. За својата работа на двете полиња, Додева вели дека многу ја исполнува.

Таа во септември го промовираше својот нов албум „Незаборавни“. На албумот, Биба заедно со својот долгогодишен пријател Владимир Дојчиновски- Дојчин, преработија 11 македонски евергрини кои Биба одлично ги интерпретира.

„Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година“, рече Биба чии песни се веќе евергрини, особено „Јас и мојот бенд“.

Таа ги преработи песните како „Еден бакнеж“, „Во бестараг“, „Едно срце имам душо“, „Анушка“, „Скопје“, „Лажи ме“, „Виолина и гитара“, „Сонце за три светови“, „Сребрени улици“..

Биба при крајот на минатата година објави емотивна фотографија со внукот, како се гледаат преку прозор. „Во време на вирусот. Дај Боже да помине поскоро“, напиша Биба. Со оваа слика пејачката објави дека и таа е позитивна на вирусот.

Додева, откако ѝ помина вирусот, за жал повторно имала задравствени проблеми, па објави фотографија од кардиологија.

„Едно селфи и од кардиологија. Маската одозгора ми е да ми одговара со аутфитот. Чувајте си ги срцата. Не секој го заслужува“, напиша Биба.

– Имав почувствувано дека не можам да дишам, а бидејќи имам хроничен бронхитис, и тоа со години го влечам, но така едноставно знаев дека почнав да не дишам убаво.

Претходно имав болку во грбот, мислев дека ми е од умор, од штикли носење, спондилоза, сè ќе измислиме само за да не е ков-ид, меѓутоа испдна дека е.

Можеби поради тоа дека се опуштив, после тоа кај мене беше крш. Неколку пати одев на Инфективна клиника, најр изично ми беше еден момент кога јас веќе ги снимив плуќата, ме пратија на ренген.

Се вратив јас накај кола со тешко дишење, и ми се јавува докторката и ми вика: Каде си?

Под итно да се вратиш, нема пола плуќа, билатерална пневмонија“, раскажа Биба за Канал 5 за тоа како се борела со вирусот.

Токму за албумот „Незаборавни“ таа доби награда на Златна Бубамара на популарноста за најдобар албум со кавери, и се заблагодари на својот Фејсбук профил со овие зборови:

-Ви благодарам на сите за честитките! Да не ги заборавиме убавите песни со кои сме растеле, да имаме оваа година концерти и да си дочекаме завршување на пандемијава со музика и гушкање на луѓето кои ни значат!

Уживајте во дел од рефрените од албумот „НЕЗАБОРАВНИ„, специјално за оваа прилика отпеани и отсвирени од Баце мој Дојчин, и дел од мојот бенд Ташко Грујовски & Димитар Михајловски. Ве сакам, дечки.“

Но, Биба објави и видео во кое зборува за нејзината живорна борба во кое вели:

– Сакам да се заблгагодарам на Златна Бубамара на оваа бубамара за најдобар албумот со кавери за 2020 година, којашто не самоп за нас, туку и за сите беше навистина многу предизвикувачка со многу успони и падови’, рече Биба.

Потоа композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин исто така упати благодарница за сите автори кои дозволиле да се преработат сите овие хитови и рече дека во неговата витрина му фалела уште една ваква Бубамара.

– Јас оваа Златна Бубамара би сакала да ја посветам на сите оние колеги наши коишто за жал го изгубија животот во оваа лоша пандемија, меѓутоа исто така и да ја посветам на сите оние коишто пожртвувано работеа сите овие месеци, и мене ме спасија, да бидам еве и тука, денеска, жива и здрава. медицинските работници.

Ви благодариме на сите, слушајте музика, чувајте се, да имаме повеќе вакцини, и да имаме можност целиот албум да го чуете на еден убав концерт“, рече Биба во видео обраќањето кое го сними од Градскиот парк во Скопје.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЃоко Ѓорчев раскажа како работел во фабрика и како Пепи Бафтировски му помогнал во животот
Следна статијаНовица наполни 50 години, Татјана му го прослави со сите „салтанати“ (ВИДЕО)