Фолкерката Ирена Вељовска раскажа што ѝ се случило на свадба, и правеше склекови во ептен кратко фустанче

0

Ирена Вељовска е една од нашите најатрактивни фолк-пејачки, која често настапува во ресторани и многу семејни веселби кај нас и во дијаспората.

Таа изгледа многу заносно, со еден збор, Ирена е вистинска бом -ба.

Пред извесно време, Ирена реши да го поправи она што не ѝ се допаѓа кај неа. Минатата година, Ирена направи естетска корекција на носот во Истанбул, Турција.

„Сега се чувствувам подмладена, иако таа корекција не ми го смени карактерот. Се’ уште сум на истото ниво и во љубовниот живот и во кариерата.

Љубовта кон себе прво ја буди внатрешната, а потоа и надворешната убавина. Изгледот е огледало на душата, а јас се чувствувам совршено во својата кожа“, изјави Ирена тогаш за Канал 77.

На денот на вљубените своите следбеници на социјалните мрежи реши да ги почести со нова фотосесија.

Таа позираше во проѕирно боди со чипка, но ова е прва ваква фотосесија на пејачката. Слична, таа објави во 2013 година.

Ирена е дефинитино влегува во топ пејаките што се однесува во стасот, а има и одлични гласовни можности.

Таа гостуваше во емисијата „Фолк парада“ на Алфа со Анита Даева, заедно со нејзините колеги од „Маестро бенд“.

Ирена направи интересен предизвик во емисијата.

Колегите од „Маестро“ посакаа таа да направи склекови, ама во краткото фустанче и на штикли.

Можам, можам, рече Ирена која не го одби предизвикот.

Ирена прво си постави хартија за да не се извалка, и направи десет склека во кусото фустанче и на штикли. “Чекај да видам кој има позади мене, да не е некој маж“, рече Вељовска.

(ВИДЕОТО можете да го видите најдолу). Потоа, таа раскажа една интересна анегдота од една свадва на која настапувала.

– Секогаш кога се фрла бидермамајерот, се местата и девојки и машки, и кој треба и кој не треба.

Се шегуваа колегите со мене, ајде застани и ти, може ќе ти биде среќа да се омажиш.

Застанв и јас да го фатам букетот, ми дојде до раце, и кога пред мене се препречи еден маж од два метри, и тој го зема.

И оттогаш, јас веќе не се фрлам по бидермајерот, тогаш, и никогаш веќе“, раскажа фолкерката.

Таа во емисијата и запеа неколку песни со што ги развесели гледачите кои ем уживаа во убавата песна, ем плакнеа очи со неа.

Потоа, Вељовска без проблем прифати уште еден предизвик, таа со своето тесно и кратко фустанче се качуваше по скали.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаДвапати месечно идеше од Минхен, а кога ме остави тешка ми рече да се чистам – јас родив, а тој прекина контакт со мене
Следна статијаЛегендарниот пејач избегна респиратори, на 85 години се „извади“ и наскоро излегува од болница