Зоки Фаци: Лозано тајно се гледа со бившата и никој тоа не го објавува

0

Познатиот водител и инфлуенсер Зоки Фаци, пред извесно време му беше гостин на водителот Стефан Лазаров, на неговиот Јутјуб канал. Зоки и Стефан кои се колеги од 1ТВ чепнаа многу интересни теми и наши познати личности.

Зоки прво започна да зборува што работи сега. „После 15 години на телевизија, решив да ставам крај на таа приказна. Работам во „Фламинго“, таму сум маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам. „Сега си инфлуенсерка, по ново, така ќе му дојде“, му рече Стефан. „Инфлуенсер, да“, му одговори Зоки Фаци.

„Во Македонија, пред 15 години се појави Фаци, воведовме спо нозруши и трачеви. Во тоа време беше тоа ш -ок.

Да видиш ци цки на телевизија…“, му рече Зоки на Стефан за своите почетоци. Потоа, Стефан му се пожали дека има проблем со гости за снимање, дека тешко прифаќаат да му гостуваат.

Зоки му го објасни и тоа. „Тоа е затоа што нашиот народ Стефан е гл уп. Треба да сфатат дека тоа е едно бо јно поле каде што добиваат и губат, ама повеќе нашиве ѕвезди губат зашти не се појавуваат во вакви емисии како твојава, или како што беше мојава.

Не сум јас таква, јас не се соблакам, јас немам фраер, јас немам фраерка…“ Потоа зборуваа за тоа кои наши ѕвезди се разголиле во професионлни фотографии. „Тамара се со блече за „Пелистерка“.

Јавноста ја исплука заради тоа, а жената баш беше згодна, убава. А тие што работат во банка или во кладилница, тие се фини. И мене да ми даде „Пелистерка“ сега добри пари и јас ќе е со блечам, и на коњ ќе се качам“, рече Зоки Фаци.

Потоа, Стефан го постсети Зоки дека поради неговата слободоумност му се случија непријатни работи. „Да, ми удрија шипка“, призна Зоки. „Никоагaш не го фатија сторителот, макар што се шукшаше, кој е што е, ама ете ме здрав и жив.

Се враќав од снимање реклама, тоа беше пред десет години. Се паркирав пред зграда. И двајца дечки со даски ме пречекаа и ме уд рија. Мислам дека беа платени само за толку“.

Зоки рече дека таа случка не го премислила да си тера понатаму, и сè што објавувал во „Фаци“ било вистина. Зоки потоа рече дека во Македонија нема ѕвезди, а единствена ѕвезда бил Тоше Проески и му е мило што бил дел од неговата кариера.

И така се надоврзаа и на други начи пејачи, а дел од нив беше и Влатко Лозаноски- Лозано.

Влатко Лозановски, детето има глас, прашај го и него кога ќе ти биде гостин, првото интервју му беше со мене, му го договори Ерик Фокс од Антена 5, Влатко ми дојде како да паднал од небо.

Моето интервју со него беше буквално вака: Да, Не, Да, Не. И тоа не се измени, еве колку години е на сцената, има убави песни, хитови му ги слушаат песните, ама Влатко Лозановски ја нема таа ѕвезда која би го направила број еден, вокално да но…

Знаеме сите дека девојка му го откачи, избега за друг во Турција, ние го бараме за изјава, не знам, шо знам, појма немам, не крева на телефон, и ден денес се гледа со нејзе тајно но никој не го објавува тоа”, рече Зоки.

Порталот muzika.24.mk потоа објави дека Лозано по оваа изјава го одследил на Инстаграм. На ова, Зоки очигледно се налутил, па му возврати со видео порака која ја објави истиот портал. Во видеото, Фаци вели:

– Тоа покажува еден карактер. Тоа покажува дека Влатко е исфрустриран што не може да биде Тоше Проески. А знаете зошто не може да биде? Затоа што нема таква ѕвезда“, вели Фаци.

Видеото од разговорот можете да го видите ТУКА

Претходна статијаФуфо се отвори за коцката – откри детали кои јавноста не ги знаеше (ВИДЕО)
Следна статијаДијаспората ја бараше „Македонско девојче“, на крај Тамара и Тијана ја „викнаа“