Дијаспората ја бараше „Македонско девојче“, на крај Тамара и Тијана ја „викнаа“

0

Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се многу блиски и приврзани една кон друга, а одлично функционираат и на музичката сцена, гостувајќи си на концерти и на настапи, обострано.

Тамара на пример ѝ ги пееше придружните вокали на Тијана на Евровизија, но за жал Тијана не ѝ возврати на неа, поради обврските што ги имаше.

По успехот на Евровизија во 2019 година, и настапите кои Тамара ги имаше во неколку европски земји по него, но и бурниот период околу грешката која ја направи со химната, Тијана минатата година кусо искоментира:

– Факт е дека оваа година на Тамара ѝ е најуспешна до сега, а она другото нема да го коментирам, затоа што тоа е само еден пердув кој што се појави и изчезна. Тамара успешно ја гради кариерата и вон границите на регионов.

Имаше прекрасна турнеја. Беше во Шпанија, во Данска, во Германија, па со песната „Мон сте -” беше прогласена за најдобар интернационален артист на музичкиот фестивал „Кенга Маџик“ во Тирана.

Многу сум среќна и многу сум горда на неа, и сето тоа што ѝ се случи стоечки го поднесе. Другото нема да го коментирам, само сум среќна кога и таа е среќна“, рече во Женски магазин Тијана.

– Тоа беа моменти кога ни самата не знаев што со себе. Моменти кога сиот мој свет се распадна, кога навидум сè на што сум работела, како да исчезна. Но токму во тие моменти на слабост и можеби на неизлезност, се роди една нова Тамара. Појака, посамоуверена и порешителна.

Иако тоа беше можеби најб олниот момент во мојата професионална кариера, од оваа временска дистанца на еден начин сум и благодарна за целото искуство. Секое лошо е за добро во животот“, изјави Тамара за Слободен печат.

Тијана и Тамара сношти одржаа концерт, ама концерт кој е прилагоден на „новото нормално“, онлајн, во едно студио во Србија, а можеше да се гледа преку апликација. И ги гледаше цела поранешна Југославија и цела дијаспората.

„Поздрав од Лондон, поздрав од Прага, поздрав од Франкфурт, од Црна Гора, од Софија, од Македонија, прекрасни сте, ако и вие уживате колку што уживаме и ние, супер е, беа дел од коментарите кои им ги пишуваа гледачите, а Тијана ги читаше.

Во еден момент, Тијана ѝ рече на Тамара: Мајка ти рече да не пиеш, на што нејзината помала сестра се насмевна. Тијана зборуваше на македонски, а Тамара на српски јазик.

Имаше и музички желби, нешто за душа, од Брена, Џеј, Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ, но сестрите не ги исполнија овие желби. Пееја свои песни но и песни од „Парни ваљак“, па Тоше Проески, Мишо Ковач…

Сите ја бараа „Макекедонско девојче“, и на крај Тамара и Тијана ја „викнаа“, за атер на желбите.

Се редеа пораки и пораки, желби и желби, па интересни прашања за животот, за љубовта за музиката, а тијана и Тамара се трудеа на сите да дадат одговор.

И не само таа, туку заечи и „Јовано Јованке“, што посебно ја израдува публиката во дијаспората.

За крај, се одјавија со песната од Ѓорѓе Балашевиќ, „Неки нови клинци“, во негова чест, а и за уште еден атер на публиката, зашто и Ѓоле го бараа преку пораки.

Една порака гласеше: Поздрав од претажниот Нови Сад, па Тамара и Тијана решија да го стоплат срцето и на овој гледач.

Сестрите се заборавија од пеење, пееја скоро до полноќ, песна по песна, па времето брзо им помина.

Па, толку им се заарни и на нив и на тие што ги гледаа и си посакаа пак уште една ваква вечер.

Фото: Јубокс принтскрин

Претходна статијаЗоки Фаци: Лозано тајно се гледа со бившата и никој тоа не го објавува
Следна статијаГавазова се спореди со позната светска ѕвезда и си праша: Таа или јас?