Васил Гавранлиев распали во „Бекстејџ“ по сите што го критикуваат – ги нарече „крекачи“

0

Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам, Холандија. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

– Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, „Here I stand“ се напиша во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната.

Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја осудите, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма.

Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, „Here I stand“ е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена! Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене – изјави Васил Гарванлиев.

Песната ќе се снима во ренoмираното студио „Фејмс“ во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали ќе се снимаат во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете.

Васил и минатата година требаше да замине во Ротердам, но поради кризата, евровизија се одржа ревијално и онлајн, па Васил немаше можност да ја испее песната YOU пред пошироката европска и светска јавноста на сцената.

Затоа, Македонската радио телевизија одлучи уште еднаш да го прати пејачот кој стана познат по десткиот хит „Марионка“ на Евровизија. Васил еднаш веќе беше на евровизија, но како придружен вокал на Тамара во Тел Авив во 2019 година.

Откако е одлучено тој повторно да оди, имаше многу негативни коментари за изборот на МТВ. Еден од коментарите на нивна сметка даде и Владимир Блажев- Панчо:

– Што друго ни функционира нормално во државата па да ни функционира и изборот за Евровизија?

Да не се сфатиме погрешно, на Васил му посакувам среќа бидејќи кој и да е ќе си ја прифати шансата, но на оние кои се мешаат во ова, на оние кои не им е местото туку, кои диригираат, кажуваат кој да иде преку разноразни конекции и врски, а немаат допирни точки со музика би им порачал конечно да престанат и да се тргнат на страна.

Има артисти кои имаат оствено огромен печат, кариера и багаж зад себе, влог на години, финансии и на крај сето тоа крунисани со безброј успешни албуми, концерти, хитови и награди.

Некогаш едноставно треба да има ред, хиерархија и почит!! Гарантирам дека 80% од колегите ќе се сложат со мене, а многу луѓе можеби и не, но ја сум тој што сум, секогаш јасен и гласен. Бар со мене знаеш на што си. ПС: Струмица ГЕНГ репрезент“, напиша Панчо од ДНК.

Васил во гостувањето во Бекстејџ распали по сите оние кои напишаа или кажаа негативни коментари на сметка на негвоиот повторен избор за Евровизија.

– Убаво е да има реакции, јас кажувам дека многумина од нас обожаваме да крекаме. И баш тоа е прав термин за социјалните мрежи, крекаме, зашто сите си имаме свое мислење“, рече Гарванлиев.

Фото: Инстаграм- Васил Гарванлиев, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаСтојне раскажа за загубата на татко ѝ и како ѝ било кога пеела со само 15 години: Многу сум срамежлива
Следна статијаКога си самохран родител не може да си изморен: Се отвори Кристина, поранешната на Кајмакоски