Стојне раскажа за загубата на татко ѝ и како ѝ било кога пеела со само 15 години: Многу сум срамежлива

0

Стојне Николова важи за онаа нова македонска фолк гарнитура, пејачка од помладата генерација која за кусо време се етаблираше во првата македонска пејачка фолк лига, кога се распеаните припаднички од понежниот пол во прашање.

Не само заради вокалните квалитети, туку и заради телесните атрибути, Стојнето иако можеби нема кошаркарска висина, има пропорции и убавина кој никого не остава рамнодушен.

Стојне Николова во неодамнешно интервју за ИН ТВ ги раскажа импресиите од снимањето на спотот за песната посветена на Струмичкото село Колешино. Таа вели дека е презадоволна од целиот проект и од коментарите на јавноста кои што ги добила за песната.

-Јас сум презадоволна. Најпрво целиот тој проект е работен со многу љубов, јас потекнувам од Струмица и тоа е едно преубаво село во мојот роден крај.

Песната и целиот тој проект испадна супер, имаме убави реакции од фановите и од сите мештани на село Колешино и сите иселеници оттаму.-истакна Стојне.

Стојне за естрадниот магазин Естрада плус откри дека за скоро време ќе следува уште еден голем проект кој што ќе биде во соработка со врвни музичари.

-За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно.

Засега нема да откријам многу детали бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала, можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта. Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Фото: Инстаграм на Стоје Николова, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаЛидија Кочовска: Душата ми гори, ама се трудам да се смеам
Следна статијаВасил Гавранлиев распали во „Бекстејџ“ по сите што го критикуваат – ги нарече „крекачи“