Андријана Јаневска ја пее „Македонско девојче“ на Хрватска ТВ – мелем за уши (ВИДЕО)

0

Андријана Јаневска е еден од најкомплетните музичари во нашата држава, мајка на две деца, сопруга на Гино, кој е исто така музичар, од скоро и моторџија.

Во последно време, поради добро познатите причини е послабо активна на естрадата, но е константно музички активна. Андријана работи како виолинист во МОБ, и е доцент на Факултетот за музичка уметност. Освен тоа, има свое приватно музичко училиште.

Андријана и сопругот Драган Гиновски- Гино, живеат во населбата Бардовци, и многу време посветуваат на уредување на дворот. Имаат два сина, Димитар и Кристијан. Андријана лани, за порталот „Локално“ даде свое мислење  за забраната на настапите на нејзините колеги.

–Прво, не смеат да страдаат сите локали и сите музичари заради неколку газди кои не ги почитувале мерките.

Второ, нема никаква логика настапите на музичарите да бидат забранети, а во истовреме да биде дозволено да се седи во кафичи без маска, да се редуцира возниот ред на ЈСП, да има невидени гужви пред банките, да се отворат границите…

Трето, според сегашните протоколи, изводливо е да се организираат настапи на нашите музичари низ Македонија во домовите на култура со почитување на мерките“, изјави Јаневска.

„Кај мене немаше некоја драстична разлика затоа што јас сум вработена како прва виолина во МОБ. Настапивме на Охридско Лето, одржавме неколку концерти пред платото на МОБ, а веќе следната недела на репертоарот е Травијата.

Но, на колегите музичари кои не се редовно вработени и чии единствени приходи им се од настапите, периодов им беше екстремно тежок. Замислете, тоа е како некој да ви забрани да работите, а во исто време не ви дава никаква друга опција. Затоа, ја имаат мојата целосна поддршка“, објасни Андријана за своите колеги.

Јаневска ја покажа својата хумана страна, со одговорот на прашањето дали искористила некоја од економските мерките кои ги донесе Владата и важеа за помош на естрадни уметници.

„Не сум искористила никаква помош од владата, а доколку добијам, ќе ја донирам на оние кои немаа никакви приходи изминативе месеци“, рече Јаневска.

Андријана Јаневска во 2019 година имаше чести посети на Загрев, поради професионални причини. Тогаш таа откри дека работи на нова песна на хрватски јазик.

После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката во една прилика.

Најголемо внимание од нејзината тогашна посета на Загреб, привлече нејзината фотографија со познатиот пензионер, дедо Тони за кого слушнаа сите откако во една анкета изјави зборуваше колку е важно да се вежба. Вежбај…

Случајната средба Андријана ја овековечи со фотографија за спомен, а во описот напиша дека се изназбореле со „дида Тони“. Дотеран, насмеан и секако расположен за фотографија, а секако најмногу за разговор со така убава дама.

Вчера Андријана реобјави снимка од гостувањето на Хрватската радиотелевизија, во истиот период за кој пишувавме погоре. Таа ја исполнува безвременската „Македонско девојче“ и го прави тоа на маестрален начин:

Претходна статијаСе огласи мајката на Милјана: Не уклучувам ТВ за да си зачувам здравје, нека прави што сака
Следна статијаЦеца на времето се возеше со нас во автобус – Дарио Џогани проговори за некои стари времиња