Филипче направи пресек – испливавме ли од летниот бран, сите бројки укажуваат на тоа

0

Министерот Венко Филипче, утрово направи мала ретроспектива со бројки за изминатиот период. Забележливо е дека полека но сигурно, нашата држава оди во добра насока.

R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.

ИЈЗ известува дека во дадениот период направени се вкупно 9709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

Новозаболени се регистрирани во 28 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% – бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст помеѓу 30-39 години – 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 3,1% и 10-19 години 5,0%.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот 27 јули – 2 август регистрирани се 1032 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела на известување (20 – 26 јули).

Во периодот 27 јули до 2 август, регистрирани се 29 поч инати, што е намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9%. 24 од случаите се поч инати во болнички услови, а 5 вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти и тоа од Скопје 57, Дебар 1, Штип 11, Прилеп 8, Тетово 11, Велес 1, Гостивар 2, Кочани 4, Демир Хисар 1, Свети Николе 10, Кичево 2, Ресен 5.

Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289, бројката на оздравени пациенти е 7221, на поч инати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 23, Куманово 8, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 11, Велес 2, Битола 3, Охрид 8, Кавадарци 1, Гостивар 4, Струмица 1, Македонски Брод 4, Виница 2, Свети Николе 2, Кичево 2.

Поч инати се 6 лица, две пациентки од Скопје , пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип.

Претходна статијаКаракамишева: Собранието не е конституирано сеуште – за тоа да се случи требаше да биде избран Претседател
Следна статијаСе огласи Трајко Вељаноски кој беше долги години Претседател на Парламентот