Се огласи познатиот Македонски пејач: Не мора да седите дома! Можете да стоите, лежите или дишете на балкон

0

Кралот на ноќните свирки во нашиот главен град Скопје и цела Македонија, познатиот пејач, водител, шоумен, бербер, готвач, имитатор, забавувач… Оние што го познаваат велат дека Жаре Бербер е најдобриот стендап комичар во нашата држава, иако не е дипломиран актер.

Оние на кои им пеел на свадба, односно оние кои присуствувале на свадба каде што Жаре пеел, велат дека тоа им е најдобрата забава во животот и го договараат за нивни веселби. Едноставно, Жарко е човек со огромна позитивна енергија и харизма!

Не е познато дека некој од надворешниот свет (освен неговите по дома) го знае под неговото вистинско име и презиме Жарко Богатинов, но штом ќе кажете Жаре Бербер станува јасно дека зборуваме за еден од најпопуларните скопски, но и македонски градски ликови, кој поодамна е присутен во нашиот музички и медиумски живот.

Нашиот популарен шоумен, Жаре Бербер, деновиве како и сите ние е во домашна изолација Тој за читателите на весникот ВЕЧЕР, вели вака:

-Миленикот, моето куче Тео, со денови ме гледа право во очите и не трепка, како да сака да ми каже: „Жаре, ќе помине ова еден ден, а ти вети ми дека ќе ме носиш на ќебапчиња во Старата чаршија штом те трпам по цел ден дома!“

Но, страшната пандемија со коронавирусот е тема која и кај Жаре е исто така присутна во сите муабети. Тој на сето ова што сега ни се случува има свој специфичен став, поглед, свое размислување:

– Ова некако ни дојде како ,,по таман” да се запознаеме подобро со членовите на семејството!

До сега само два пати се скаравме по дома, ама тоа не е ништо сериозно, бидејќи било и пострашно, така што и прагот на толеранција во оваа вонредна ситуација ни е дефинитивно поголем.

-Не знам чиј производ е короната, бидејќи не спаѓам во онаа група на сезнајковци и аналитичари кои по цел ден нешто филозофираат и имаат информации од не знам какви извори за потеклото на вирусот, вели Жаре.

Дека хуморот му е составен дел од неговиот карактер и сега кога е тешко, се уверивме и овој пат, па од сериозен муабет за вирусот корона, тој знае тоа да го насочи во насока на хумор и сатира:

-Кога е корона во прашање, јас можам да зборувам само за пивото „Корона“, бидејќи сум го пиел и лично мене ми е ми е по вкус, така што времето на ,,Корона” доаѓа со оглед на тоа дека доаѓа лето, па пивото ,,Корона” треба да биде добро оладено! Но, да не испадне дека се зафркаваме на маката на човештвото, шега на страна.

Убеден сум дека никој ништо попрецизно не може да каже со каква болештина се соочуваме, освен што знам и јас дека треба да бидеме дисциплинирани и одговорни, да почитуваме сè што ќе се препорача како мерка. Од нашата (не)одговорност зависат животите на многу луѓе кои се хронично болни и на кои реално животот им е во опасност.

Оние кои го следат неговиот професионален пат, ќе се сетат дека Жаре има зад себе поминато уште една изолација, но тоа беше многу одамна, а и во сосема поинакви услови.

-Јас една ваква и многу полоша самоизолација од 52 дена имав кога бев учесник во телевизиското реално шоу „Сурвајвр”. Таму условите за живот во џунглата беа барем едно пет пати полоши. Дојдов до самосознание дека човекот е цврсто битие кое може да издржи многу пострашни работи, па ова што сега сум во домашна изолација не е ништо страшно. Супер е, живи, здрави сме, а во овие досегашниве 22 дена изгледав толку многу филмчиња, па кога сето ова ќе заврши, нема да имам потреба да гледам филмови во наредните пет години (хахахахааа).

Изолацијата го натера Жаре да биде и активен учесник во домашната кујна кое му стана многу омилено место, велејќи дека и ако ја сака кујната, не сака да посветува внимание на тоа како е облечен кога и онака никаде не може да излезе.

-Во кујната ги направивме и ги испробавме сите врсти на крофни, мекици, палачинки, колачиња посни и мрсни, па потоа ни се развива талентот за кулинарството, на ум сме да отвориме ресторан, хахахахахааа.

За среќа, не се замарам со тоа како сум облечен, растоварен сум од тоа, па носам некои чудни парчиња гардероба што ги имам заборавено дека постојат. Секој ден ми е како маскенбал! Кон сето ова се слуша музика од сите жанрови во зависност од расположението, а сите сме си фино расположени.

Искрено кажано, ми се пее онака како да сум на слава или на домашна журка со моите блиски луѓе кои се дел од мојот живот. Всушност, имам претчувство дека Господ нè врати во прво одделение повторно да се ресетираме, да се преиспитаме кај сме, што сме, кого имаме околу нас, да се спуштиме на земја бидејќи летавме! Да ја разбереме вредноста на животот…

За крај на овој разговор, Жаре Бербер има и една јасна, духовита, културна порака за сите нас, па сфатете ја кој како сака:

– Во ова време-невреме не треба да седите дома, можете и да стоите, можете да седите, на пример, во шпајз, можете да лежите во ходник, да си дишете длабоко на балкон, но едно е најбитно за сите: ОСТАНЕТЕ ДОМА!

Стрпете се, доаѓаат денови кога повторно ќе се дружиме и ќе бидеме сите во својот свет исполнет со многу љубов и емоции! Естрадата и ноќните свирки, сега за сега, ми се последното нешто на што во оваа ситуација воопшто мислам.

Дуле МИЌИЌ

Инаку Галама од извори блиски до пејачот дознава дека тој и неговиот бенд 18+, спремаат посебно изненадување за оние кои ќе застанат на лудиот камен оваа и следната година.

ИЗВОРВечер
Претходна статијаФилипче му одговори на Реџепи кој се зак ани дека може да ги викне верниците во џамија
Следна статијаЗоран Заев и Христијан Мицкоски завршија во изолација: Филипче откри што се случува