Зоран Заев и Христијан Мицкоски завршија во изолација: Филипче откри што се случува

0

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се огласи и откри вест која привлече големо внимание во јавноста, а еве што кажа:

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук синоќа објави видео порака на шефицата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје Џихан Тавилах, која им порачува на граѓаните да не излегуваат од дома освен во ситуции кога навистина мораат.

-Најважно е додека трае оваа ситуација да дадеме вистинска поддршка на здравствениот систем за тие да можат да се справат со големата бројка на луѓе кои се тешко болни, посочува Тавилах во пораката што ја пренесува Филипче.

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот.

Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот.

Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети за неговите контакти.

Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивање на информациите е ставен во домашна изолација.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“. Во текот на утрото и денот ќе се направат епидемиолошки анкети со неговите контаки за да се утврди точниот наод и бројка на лицата, кои евентуално би оделе во самоизолација.

За сите овие информации, како и за резултатот од тестот на претседателот Зоран Заев, ќе известиме на следната прес конференција во текот на денот и тогаш ќе одговориме на сите прашања.

Претходна статијаСе огласи познатиот Македонски пејач: Не мора да седите дома! Можете да стоите, лежите или дишете на балкон
Следна статијаЗаев и Мицкоски се огласија и открија во каква состојба се