Пејачката најпрво била во незнаење поради болеста која ги напаѓа сите во светот, но сега сè и станало појасно, како да се разбудила од лош сон.
Ана ги почитува сите прописи, се труди да го заштити како своето, така и здравјето на другите, но не и се допаѓа тоа што поедини граѓани во Србија, ова со вирусот сè уште го немаат сфатено сериозно, особено сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.
“Јас прво мислев дека овој вирус е некоја мала шега, но не е баш така – многу брзо се шири, а како што се чини, немаме доволен капацитет за лекување. Можеби вирусот не е толку смртоносен, но ние ги немаме потребните капацитети. Ако започне да се шири со брзина со која се шири и во другите земји….
Сведоци сме што се случува во земјите околу нас, кои целосно неподготвени го дочекаа сето тоа.
Затоа, многу е важно да останеме дома – порачува Ана, која им се восхитува на нашите лекари кои деноноќно работат и се грижат за заразените.
Потребно е многу емпатија, да се работи со пациентите кои се позитивни на вирусот, а притоа со 99% можност од заразување, но тоа е нивната работа…
Секоја вечер во осум излегувам на тераса и им аплаудирам откако започна сево ова да се случува. Првите денови во нашата улица тоа беше сосем нечујно, но сега сме гласни и громогласни.
Она што мораме да го направиме за тие исти медицинари е да останеме дома. Јас не знам дали нашите луѓе имаат свест за тоа, но мислам дена немаат баш…
Можеби последните денови почнаа да сфаќаат дека тоа е единствениот начин да опстанеме, бидејќи ситуацијата не е нималку наивна.
Ако нешто можеме да направиме за нив е да останеме дома и да не се однесуваме несовесно. Ова нема никаква врска со политика, ниту со било што друго – ова е работа на социјална и лична одговорност, кон сенеси, кон својата земја и нашиот народ – рекла пејачката во емисијата “Ексклузивно”.
Не одам нигде…вежбам дома…Ова не е ниту летен распуст, ниту пазар, туку е пандемија! Луѓе дај приберете се! Ете, ако можам да влијаам врз сто луѓе за да останат дома, јас тоа ќе го направам.