Ѓорге Давид излекуван и пуштен дома, но не смее да излегува – тој објасни кога ќе може да прошета надвор

0

Шоуто кое е најпопуларно во Србија, но ина целиот балкан, ,,Sвезде Гранда”, мораше да ги прекине своите активности поради Корона. Сега тие размислуваат за некакви онлајн изданија, на кои натпреварувачите би пееле од дома.

Пред двесетина денови, како гром од ведро небо проструи веста дека членот на жирито на шоуто „Гранд“ Ѓорге Давид е заразен со Корона. Тој рече дека поради природата на неговата работа многу патувал а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.

,,Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.

А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, рече тогаш Давид.

Прво, тој објави дека чувствувал симптоми на вирусот и се наоѓа во болница каде му биле направени неопоходните прегледи и тест за корона кој бил позитивен, а пејачот е заразен од „Ковид 19“.

„За жал, потврдено ми е дека има Ковид 19. Не разбирам. Очаен сум. Вирусот ќе помине. Но…болница. Пекол. Како да си во зат вор. Во војска. Луѓе, чувајте се…ве молам“ напиша тој на Инстаграм и од неговите колеги веднаш доби коментари со поддршка и желба за брзо закрепнување.

Тој беше сместен е на пулмологија во Клиничкиот центар во Белград и многумина изненади со изјавата дека многу познати кријат дека се зарзени, а дека тој е еден од оние храбрите кој истапи и ја кажа вистината.

„Многумина познати кријат дека се заразени, а лежат со мене во болница“- наводно рекол тој, пренесува Информер. Остана непознато кои јавни личности се во прашање.

Ѓорге Давид, тогаш рече дека поради природата на неговата работа многу патувал, а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.

Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.

А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав – вели Давид.

Денес, после 13 дена во болница, музичарот ја напуштил оваа институција и отишол во неговиот дом.

– Се чувствувам благословено сега кога сум дома, уживајќи во моите четири sида. Сега сум добар, но сум уморен и времето го поминувам во спиење. Се опуштив кога стигнав во станот, рече тој.

Бидејќи овој вирус се покажа како многу опасен, музичарот беше запрашан кои се следните чекори за негово закрепнување и што му рекле лекарите дека мора строго да почитува.

– Сега имам 21 ден на строга изолација, да бидам прецизен, за првите седум дена не смеам да излезам надвор, а другите 14 дена можам да излезам, на пример, пред зграда, да шетам на 200 метри или евентуално да одам во продавница за самопослужување ако имам потреба.

Добив лесна терапија што треба да ја земам во следните седум дена – рече Давид, додавајќи дека тоа не значи дека може да биде со своето семејство, туку целосно изолиран.

Претходна статијаСе чини дека Македонија добро се справува со Корона – Филипче објави најнов извештај за ситуацијата
Следна статијаДоколку живеете во Австралија внимавајте за Велигден – казните ќе бидат ригорозни